НБА кошаркарот Џеди Осман се венча со турската актерка Шахин во родниот Охрид

Турскиот кошаркарски репрезентативец и член на НБА екипата Кливленд кавалирс, Џеди Осман се венчаше со познатата турска актерка, Ебру Шахин во неговиот роден Охрид

Свадбената церемонија се одржа на брод, а гости на свадбената веселба беа членови на најтесните семејства и најблиски пријатели на младите кои, покрај Охрид, планираат веселба на плажата Чешме во близина на Измир.

Осман е роден во Охрид во 1995 година од татко Турчин и мајка од Нови Пазар. Неговите кошаркарски почетоци се врзани за екипата на Босна, а во кариерата играше и за двократниот европски шампион, Анадолу Ефес.

Во 2015 година беше избран од Минесота како 31 пик во втората рунда на драфтот, а во Кливленд е од 2017 година.