ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ БИТИКИ ВЕТИ ДЕКА ВЛАДАТА И ПОНАТАМУ ЌЕ ВЛОЖУВА ВО БИТОЛА
ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ БИТИКИ ВЕТИ ДЕКА ВЛАДАТА И ПОНАТАМУ ЌЕ ВЛОЖУВА ВО БИТОЛА
Кондовски на заедничка маса со членови на спортските клубови во Битола
Кондовски на заедничка маса со членови на спортските клубови во Битола
Прва средба на највисоко ниво со новата американска администрација: Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин III
Прва средба на највисоко ниво со новата американска администрација: Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин III
ТЕМЕЛКОВСКИ: Денеска во населбата Драчево почнавме со активности за асфалтирање на улиците: „Таки Даскалот“ и „Филип Клајиќ“. Покрај ова, на барање на жителите, во селото Драчево, ја поплочивме улицата „Домазетовска“
ТЕМЕЛКОВСКИ: Денеска во населбата Драчево почнавме со активности за асфалтирање на улиците: „Таки Даскалот“ и „Филип Клајиќ“. Покрај ова, на барање на жителите, во селото Драчево, ја поплочивме улицата „Домазетовска“
ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СИ ГО ОДРЖА ЗБОРОТ - ПОЧНА РАБОТАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА: Реконструкцијата ќе чини 120 милиони денари
ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СИ ГО ОДРЖА ЗБОРОТ - ПОЧНА РАБОТАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА: Реконструкцијата ќе чини 120 милиони денари
Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот, посебна благодарност до неуморните попишувачи
Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот, посебна благодарност до неуморните попишувачи
БРАВО - НОВА ТРИБИНА НА СТАДИОНОТ ВО ЧАИР
БРАВО - НОВА ТРИБИНА НА СТАДИОНОТ ВО ЧАИР
ПОЛЕКА ПОЛЕКА СЕ БЛИЖИМЕ КОН КРАЈОТ НА ЕДНА МНОГУ УСПЕШНА ОПЕРАЦИЈА - Попишани над еден милион граѓани!
ПОЛЕКА ПОЛЕКА СЕ БЛИЖИМЕ КОН КРАЈОТ НА ЕДНА МНОГУ УСПЕШНА ОПЕРАЦИЈА - Попишани над еден милион граѓани!

НЕ ЏАБЕ НАРОДОТ РЕКОЛ КОЈ ЛАЖЕ ТОЈ И КРАДЕ – ОЛИГАРХОТ ОРЦЕ КАМЧЕВ ДЕНЕСКА ЛАЖЕШЕ ВО СУДНИЦА БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, ГИ ЛАЖЕШЕ СУДИИТЕ НО И ЈАВНОСТА!!!

Денеска Орце Камчев држеше долг пола часовен монолог за тоа зошто треба да биде пуштен од притвор, притоа искажа грст дрски лаги без око да му трпне. Одиме по ред:

1. Излажа дека досега никогаш не бегал од правдата што не е точно, во 2005-та беше дадено налог за негово апсење, тој избега во Бугарија по што беше издадена и потерница, чекаше да се смени власта по што самиот се пријави во полиција но веднаш излезе со смешна кауција од 60 000 евра иако уште тогаш Форбс го прогласи за најбогат човек во земјата. Потоа кривичната пријава магично исчезна во фиоките на новите судски џелати на режимот на Груевски, режимот реши да го амнестира Камчев за потоа да го употреби во разните АЛАШ ВЕРИШ ТАНГЕ ФРАНГЕ марифетлуци како купувањето на МПМ и свртувањето на весникот Дневник од критичен весник во режимска партиска брошура, потоа плацевите на Водно каде Камчев му помагал на Грујо да ги испере украдените пари итн итн…

2. Излажа дека истрагата ИМПЕРИЈА долго траела затоа што немале докази, што не е точно. Таа истрага беше саботирана затоа што Камчев и даде милиони евра на Катица и Боки за истрагата да биде забошотена, затоа поминаа 48 месеци а никако таа истрага да се комплетира финално и да прерасне во обвиниение. Но дека се работи за лага дека немало докази се покажува и со обвинението за Плацеви на Водно, тоа е истрага дел од Империја и обвинителите решија да ја извадат како посебна истрага за да не се чека, значи докази има само треба време да се проверат и организираат, имено според некои проценки само за ЗИК Пелагонија сите неправилности тежат околу 100 000 документи?!?!

3. Излажа дека никогаш не бил обвинет за даночно затајување и оштетување на буџетот. Но фактите на терен зборат нешто друго. Уште пред 17 години, кога прв пат државата се посомневала во активностите на Камчев. Тој преку три фирми „Хилдебранс ДООЕЛ“, „Наска“ и „Текс-текс“ правел поврат на данок врз основа на фиктивни фактури. Тогаш Јавното обвинителство имало отворено предмет за лажен стечај и фалсификување службена исправа.

Неколку години подоцна, кога во јавноста беше актуелен скандалот со 90 илјади воени униформи одново се појавува неговото име. Тогаш Управата за јавни приходи го пријави Камчев, како извршен директор на „Орка холдинг“ дека ја оштетил државната каса за пет милиони евра. Овој предмет се врзува со испорака на униформите кон американската фирма „Глобал Фајненс Груп“, која била во сопственост на Камчев. Потоа, во 2007 година, името на Камчев се појавува во медиумите во врска со плацот зад „Рамстор“ во Скопје. Тогашната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ на јавноста и презентираше странски инвеститор за земјиштето преку фирмата „Резидор хотел груп“, но новинарите открија дека фирмата била регистрирана пред самото јавно наддавање за парцелата и дека таа компанија има реалции со „Орка холдинг“.

Колку само беше смешно да се чуе како Камчев вели – не сме онбвинети за оштетување на буџетот туку само за лажни стечаи?!?! Па лажните стечаи се правеле за да не се плаќаат обврските кон државата меѓу другото. Исто така и со перењето пари кое е главно обвинение во Империја, затоа што така црните пари стекнати со кршење на закони без да се плаќа данок за нив, неоданочени се внесуваат назад во земјата како странска инвестиција?!?! Прочитајте за сето ова во онбвиненито за Империја на следниов линк.

4. Излажа дека немал фирми и капитал во странство, но фактите зборуваат нешто друго. Пред 15-тина години на Камчев му биле откриени една фирма од Лугано, но и неколку во САД преку кои биле трансферирани пари. Понатаму, и во позадина на денешните големи бизниси на Камчев стојат сомнителни фирми. На пример, основачи на фирмата „Аџибадем Систина“ се „Хоспитал менаџмент груп“ од САД и „Груп хоспиталс Корп“ од Панама. Основачи на фирмите „Мала Богородица ДООЕЛ“ се „Центоком“ и „Глобал фајнанс Груп“ од САД. Со години се правеле трансакции и зделки со овие фирми. Потоа, исклучок не е ниту фирмата „Ексико“ зад која стојат три фирми од САД и Швајцарија и тоа „ Калвус“, „Т&M инвестмент“ и „Делта инвестмент“.
Токму „Ексико“ е фирмата која ја откри Специјалното јавно обвинителство. Но, на империјата на Камчеви никогашне можел да им се најде крајот, затоа што во последните десетина години, името на Орце Камчев се споменува и во криминалот со „Графички центар“, „МПМ“, „Мериот“ и уште многу други компании преку кои се пренесувале и се криеле пари.

5. Се пофали дека никогаш не бил осудуван. Па еве видовме зошто, на Катица и Боки им даде торба со милиони евра во кеш, колку ли такви торби полни со милиони им има дадено на сите главни обвинители, судии, политичари за да биде поштеден од правдата?!?! Лесно е да бидеш неосудуван со толку пари и со толку поткупливи судии и обвинители во нашата земја, ама дојде крајот на таа приказна и сега боли, епа ќе боли, дојде време да се наплати за сите криминали и злодела!

loading...

Website https://animetv.cc: Watch Ultraman USA (Dub) animetv Episode Full chia anime tv me

High School Girls Specials (https://wcostream.cc/m/JJYZ) Episode 3

AnimeBee: Tenchi Muyou! Ryououki 3rd Season Picture Drama anime episode Full online free at https://animebee.to dubbed anime

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official

Startupmatcher: https://startupmatcher.com/p/kissanime-2

Fileforum: https://fileforum.com/profile/kissanimemx