Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА АВИОН НА ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАЗАХСТАН НАЗАРБАЕВ СЛЕТАЛ ОД МАКЕДОНИЈА ВО КИРГИСТАН, ВЕЛИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

Авионот од типот „бомбардиер“ со турски регистарски ознаки што бил на Скопскиот аеродром, но нема никаква врска со семејството Назарбаев (фото: Бонер)

Не е точно дека поранешниот претседател на Казахстан Нурсултан Назарбаев избегал со авион што во Бишкек, Киргистан слетал од Македонија, велат од македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ), откако руската агенција РИА Новости објави дека два приватни авиона, наводно на семејеството Назарбаев, слетале на киргистанскиот аеродром Манас во Бишкек, едниот од Македонија, а другиот од Обединети Арапски Емирати. По кусо време, обата авиона заминале од Киргистан.

РИА за оваа вест цитира локални казахстански медиуми. Во западните медиуми нема вести за евентуално бегство на Назарбаев од Казахстан.

Од македонските воздухопловни власти потврдуваат дека на 7 јануари имало лет од Скопје за аеродромот Манас во Бишкек со 3 патници. Авионот дошол од Истанбул и заминал за Бишкек. Но, авионот нема никаква врска со Казахстан, експретседателот Назарбаев и евентуалното негово пребегнување.

Рутата по која се движел авионот ја нема на офцијалните воздухопловни веб страници што го следат авиоособраќајот на радар.

Според извори на САКАМДАКАЖАМ.МК во МВР, станува збор за киргистанска делегација со ВИП личности што била во посета на македонска мултинационална компанија, којашто дошла со редовна линија на „Туркиш ерлајнс“. Меѓутоа, еден од членовите на делегацијата морал итно да се врати дома и затоа од Киргистан му обезбедиле лет со приватен авион што го изнајмиле во Турција. Другите членови на делегацијата останале.

Од АЦВ велат дека станува збор за најавен и одобрен бизнис лет со авион од типот „бомбардиер глобал експрес“ од турски оператор што ги исполнува сите услови и барања, односно што ја доставил целокупната потребна документација за да добие одобрение од македонските воздухопловни власти.

81-годишниот Назарбаев е првиот претседател на Казахстан по осамостојувањето со распаѓањето на Советскиот сојуз, славен како „татко на нацијата“. Беше на власт скоро 3 децении, до 2019 кога го наследи од него лично избраниот Касим-Жомарт Токаев. Назарбаев остана да владее во сенка како претседател на моќниот Совет за безбедност на државата.

Но откако изминатава недела почнаа и станаа жестоки немирите и протесите во Казахстан предизвикани од покачувањето на цената на горивото, Токаев ја распушти владата и објави дека тој ќе биде на чело на Советот за безбедност на местото на Назарбаев. Руски експерти за РИА Новости велат дека по ова Токаев ќе ги смени и другите функционери избрани од кругот на Назарбаев.

На барање на Токаев, на 6 јануари во земјата пристигнаа 2.500 припадници на регионалните сили предводени од Русија. Според руските медиуми, овие мировни трупи ќе останат во земјата неколку дена или недели, со цел да ги штитат државните и воените инсталации. Токаев на 7 јануари кажа дека дека им наредил на безбедносните сили „да пукаат без предупредување“, при насилното задушување на антивладините протести. Тој рече дека „20.000 бандити“ го нападнале главниот град Алма Ата, епицентарот на протестите, и ги обвини „терористите“ обучени од странство, без да даде докази. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во немирите досега се убиени 26 „вооружени криминалци“ и 18 полицајци.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Tokyo Revengers

dubbed anime TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

watch subbed anime AnimeDao Ranking of Kings

Fairy Tail (Dub)

One-Punch Man