ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
(ВИДЕО) Одиме на Европско првенство: Промовиран спотот за македонската химна за ЕВРО 2021
(ВИДЕО) Одиме на Европско првенство: Промовиран спотот за македонската химна за ЕВРО 2021
МИЦКОВСКИ, НАРОДОТ БРУТАЛНО ЌЕ ВЕ КАЗНИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СИТЕ БОЈКОТИ ВО СОБРАНИЕТО СО КОИ БЕСРАМНО ГО ВЛОШУВАТЕ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!!!
МИЦКОВСКИ, НАРОДОТ БРУТАЛНО ЌЕ ВЕ КАЗНИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СИТЕ БОЈКОТИ ВО СОБРАНИЕТО СО КОИ БЕСРАМНО ГО ВЛОШУВАТЕ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!!!
(ВИДЕО) Од средбата на премиерот Заев со потпретседателот на ЕК Тимерманс: Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија
(ВИДЕО) Од средбата на премиерот Заев со потпретседателот на ЕК Тимерманс: Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија
(ВИДЕО) ОВИЕ СЕ УБЕДЛИВО НАША НАЈГОЛЕМА БОЖЈА КАЗНА - ВМРО-ДПМНЕ повторно против државата и граѓаните, го блокираат Законот за служба во Армијата
(ВИДЕО) ОВИЕ СЕ УБЕДЛИВО НАША НАЈГОЛЕМА БОЖЈА КАЗНА - ВМРО-ДПМНЕ повторно против државата и граѓаните, го блокираат Законот за служба во Армијата
ПРВИОТ ЧОВЕК НА НАЈГОЛЕМАТА БИЗНИС КОМОРА ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА: Три Б – Битиќи, Бесими и Бектеши го пресекоа Гордиевиот јазол на бизнисот
ПРВИОТ ЧОВЕК НА НАЈГОЛЕМАТА БИЗНИС КОМОРА ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА: Три Б – Битиќи, Бесими и Бектеши го пресекоа Гордиевиот јазол на бизнисот

НЕ ЕДНА КУТИЈА СО 4800 ВАКЦИНИ, ЕДНА ВАКЦИНА ДА БЕШЕ, ЗНАЧИ ЕДНО ШИШЕНЦЕ, ПАК ИСТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПРЕЧЕКАН ВУЧИЌ, ЗАТОА ШТО СИМБОЛИКАТА Е ОВДЕ МОЌНА, ТУЃА ЗЕМЈА ДАВА НА СОСЕДНА ЗЕМЈА ЛЕК ЗА СПАСУВАЊЕ НА ЖИВОТИ!

пишува: Саше Ивановски Политико

Значи како прво, ги разбирам ВМРОНИТЕ и нивните ботови, портали, куртони, пр експерти, членови, симпатизери… Се работи за тешка политичка битка, се ближат и избори, и нормално е се да биде мегдан за политичка пресметка, па дури и пречек на странска делегација која ни носи вакцини за да спасиме човечки животи…

Значи го разбирам ова, јас се сеќавам во времето на Груевизмот кога се обидував онака скромно во рамките на моите герилски УАН МЕН ШОУ можности да им ја расипам забавата на Груевци за што и да било па наоѓав влакно во јајцето, најчесто имаше не само влакна туку и цели греди, но ја разбирам интенцијата да се нанесе политичка штета, тоа се познати ПР техники да се омаловажи еден настан, да се саботира, да се релативизира, да се скандализира за да се направи спротивен ефект од она што е замислата на власта…

Но често во таквите битки сум доаѓал до момент кога веќе се судираш со здравиот разум, и тогаш сум кочел, значи за мене водилка, граница, репер ми беше секогаш она што се нарекува ЗДРАВ РАЗУМ, американците и англичаните го викаат КОМОН СЕНС… Па така кога Груевци ја пуштаа државната кардио-хирургија, им честитав, иако они беа режим, јас бев во жестока опозиција но им честитав, здраиот разум ми велеше дека ова е сепак добар проект, народ ќе се лечи ќе добива нова шанса да поживее уште малце на овој свет…

Истото го направив кога Груевци купија нови автобуси во ЈСП, знаев колку значи нов автобус со клима со парно со нови седишта со звучна изолација со нови амортизери а не оние канти што се тркалаа по Скопје стари 10, 20, 30 и повеќе години во кои ја поминав младоста како вечен студент на озлогласениот ЕТФ…

Истото го направив кога Груевци дозволија увоз на стари коли па народот, рајата ги замени конечно своите фиќори, кецови, пезетки, фијати, југовци со голф 3ки, 4-ки, пасати, адуи 3-ки и 4-ки, пежоа, реноа, фиат стило, браво, пунто итн итн… Ова ми се допадна затоа што целото детство гурав југо 45-ка издувано со едвај 20 коња во него во ридестото Кратово, тоа беше МОНТИ ПАЈТОН БОЖЈА КАЗНА, па знам што значи тој крш да го замениш со пасат од 110 коња, тоа беше за сиромасите тотален пресврт во животот и можеби и заради тоа му дадоа на Грујо една деценија од својот живот, ова комуњарската скопска елита никогаш нема да го разбере затоа што тие се родени во нови коли, за нив нова кола е како кафе наутро да се напиеш, сосема нормална работа…

Истото го направив и кога Груевци делеа субвенции на земјоделци, делеа лап топи на студенти, кога даваа бесплатен превоз на пензионери итн итн, сите тие потези ми се јасни од човечки аспект и иако со Грујо бевме на спротивни политички фронтови, им давав поддршка и ги фалев. Дури и кога ме тепаа со шипки по глава.

Ми се допаѓаа и странските зони, инвестициските род шоуа, економските промотори итн, свесен бев дека е тоа многу паметен начин да се донесат ивеститори во оваа мала викојебина за која во светските економски центри можеби немаат чуено дека воопшто постои и дека нуди какви такви услови за бизнис…

И така доаѓаме до вчерашниот настан. Зоран Заев со многу министри, медиуми го пречека Вучиќ. Опозицијата со своите медиуми и ботови се обиде настанот да го спинува како забегаост, очај, промашен ПР, брука итн итн… Но што вели здравиот разум?

Тој вели дека не една кутија со 4800 вакцини, туку една вакцина да беше, значи едно ебено шишенце, пак исто требаше да биде пречекан Вучиќ, затоа што симболиката е моќна – наместо со тоа едно шишенце да биде спасен Србин кој гласал и го платил тоа ебено шишенце, Вучиќ решил за прв пат Србите да направат нешто добро на балканот и да се искупат за своите гревови што 20 години правеа војни трчајќи по своите велико српски соништа и ни ги ебаа соништата на нас над 20 милиони балканци што не сме Срби… Значи наместо да спасува Србин од смрт, Вучиќ решил да спасува некого во Македонија, значи некој Македонец, или можеби и Албанец, Ром, Турчин, Влав што никогаш нема да гласа за Вучиќ нити пак ќе плаќа данок во Србија нити пак нешто ќе направи за Србија, но ете Вучиќ решил да води ВАКЦИНА ДИПЛОМАТИЈА, што е навистина револиуционерен чин за балканот!!!

Ние што сме не толку млади и постари се сеќаваме кога на балканот од Србија наместо вакцини се извезуваа тенковски колони, закани за тенковски колони, економски ембарга, или пак авиони со бомби кои сееа смрт наоколу, и обратно во Србија се враќаа колони и колони избеглици, набркани Срби од воените жаришта, што исто така беше трагедија и неправда…

Здравиот разум вели дека синоќа се случи историски настан кој вредеше за целата медиска помпа. Вучиќ доби голема почит и симпатии кај Македонците. Тој има многу опашки зад себе и многу гревови, но јас сум човек кој верува во авање нова шанса, особено тоа важи за политичарите. Вучиќ ми стана многу повеќе симпатичен по синоќешниот потег. И ви велам, не 8000 колку што ќе ни даде вакцини, една да ни дадеше, пак ќе го ценев потегот и ќе го респектирав човекот. И Србија како држава што сепак не се бунеше за овој потег.

loading...

WCOStream wcostream attack on titan: Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 4

AnimeTV animes online: Redo of Healer Episode 12