СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати

Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата

НЕКОЈ МОРА ДА ОДГОВАРА ЗА 50 МИЛИОНА ЕВРА КОИ ИСЧЕЗНАА: Истрага за пропаѓањето на „Еуростандард“ против четири одговорни лица во банката

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело предизвикување стечај на банка од Законот за банки и продолжено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, соопшти Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Во соопштението не се наведени иницијали на осомничените, а од Обвинителството појаснуваат дека осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка АД Скопје, во периодот од 2018 година до 2019 година, ги повредиле одредбите од Законот за банки, како и Методологијата за адекватност на капиталот.

-Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Воедно го зголемиле ризикот од концентрација и масовно ја затскриле реалната способност на клиентите за измирување на обврските и нереалната класификација, што резултирало со погрешно известување за финансиската состојба на банката и нејзините сопствени средства како кон НБРСМ, така и кон останатите заинтересирани страни. Со ваквото работење придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби, со што го намалиле износот на сопствените средства на банката и наметнале потреба од значителна докапитализација на банката, а притоа не извршувале капитализација по мерка изречена од гувернерот на НБРСМ. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност. Така, од нефункционални изложености со состојба во време на отворање на стечајната постапка од нефункционални кредити за 149 правни лица била предизвикана штета од 3.378.030.720,00 денари, при што повластените кредитни должници со невраќање и неможност за присилно враќање на долг од кредитот се стекнале со корист, а штедачите и другите депоненти на банката биле оштетени, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Додаваат дека осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2017 година до 2020 година, во повеќе наврати овозможиле отворање на нерезидентни трансакциски сметки преку кои дозволите трансакции и воспоставиле деловен однос со правни лица. Во соопштението се истакнува дека спротивно на нивната законска должност, иако имале обврска согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, тие во Управата за финасиско разузнавање не пријавувале сомнителни трансакции кои укажуваат на перење пари, имот или имотна корист, а за што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2020 година започнале предистражни постапки.

-​По донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги преземе сите неопходни процесни дејствија за целосно расчистување на случајот и навремено ќе информира за детали кои нема да ја нарушат истражната постапка.,наведуваат од Јавното обвинителство.

Истрагата на Обвинителството е отворена откако Народната банка поднесе до Обвинителството кривична пријава против поранешни одговорни лица. Мнозински акционер во пропаднатата банка беше бизнисменот, Трифун Костовски на кого потоа Судот на барање на Обвинителството му го замрзна имотот.

loading...

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Your Lie in April Episode 14

AnimeFreak Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 6

animefreak Naruto (Dub)

animes online How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

dubbed anime Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway