Нема договор меѓу ССМ и Владата, продолжува штрајкот во јавниот сектор

Министерката за труд и социјална политика Јована Трнечевска се појави на денешниот протест пред Министерството и ги покана на средбва синдикалците, но повторно без решение .

-Eднаш засекогаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска.

Од Синдикатот велат дека може да се разговара за нова методологија но прво мора да биде исполнато барањето за покачувањето од 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор. Денешната средба не резултирала со некакви конкретни чекори, освен дека ќе бидат закажани идни средби со ресорните министри. Инаку, истече и рокот за помирување со медијација, а до последниот ден, медијаторот ги повикал само еднаш на информативна средба.

Додека, пак, работниците штрајкуваат, власта донесе Измени на Законот за работни односи со кои се дозволува работниците во туристичките места да работат. ССМ реагира, дека ова е спротивно на она што било договорено кога се носел Законот, чија цел била работникот да добие одмор.

Штрајкот на јавниот сектор ќе продолжи и утре, а синдикалното столче ќе биде пред Министерството за информатичко општество.