ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ ДО ЧЛЕНОВИТЕ И СИМПАТИЗЕРИТЕ НА СДСМ: Да бидеме мирни, трпеливи, постојани, иако нè бербатат јавно со нашето име и углед. Ние не сме како нив, ние сме подобри од нив. Ние, кои сме со политиките на Заев, нашиот демократски лидер на слободниот свет, не смееме да си дозволиме бес, не смееме да си ја дозволиме омразата. И, над сè, не смееме да дозволиме насилство

Ако некој нема причина за „трема“ и „грижа“ пред гласачите, тоа е Зоран Заев. Зошто е тоа така? Пред да одговорам на тоа прашање, морам најпрво да кажам дека внимателно ја следам изборната локална кампања, од Скопје до Гевгелија, од Тетово до Струга, долж и попреку, и можам слободно да констатирам дека Заев нема потреба за грижа или трема – и не треба да има – затоа што е во право. Во право е затоа што ги зајакна локалните самоуправи како ниедна влада досега. Груевски ги задолжи со 50-ина милиони евра општините, а Заев не само што ги раздолжи, туку ги зајакна со нови 530 милиони евра. Тоа го направи не за да ги владее нашите слаби провинции, туку за да ги јакне и да им служи.

А што се однесува до немањето на „грижа“ или „трема“, како и моето „Заев е во право“, ќе се обидам да објаснам. Локалната политика (или внатрешната политика) е секогаш комплементарна со надворешната. Без разлика што Заев ја доведува публиката до степен на восхитување, тоа е затоа што политичките потези се базираат на реални параметри.

Во високата политика се проби така што го реши тридеценискиот спор со Грција, ја постави трасата за мир со Бугарија, им докажа на сите дека малата Северна Македонија има во себе реален капацитет за сложени идентитетски билатерални договори како ниедна влада пред неа.

Заев е еден од најсилните демократски лидери
Меѓутоа, големиот и силен „налет на историја“, и мнозинството граѓани што го следат, го направи Заев еден од најсилните демократски лидери не само дома, туку и во регионот и Европа. Луѓето што го следат на митинзите се насмеани, опуштени и прилично „релаксирани“, нема грч на нивните лица, што едноставно воодушевува кога човек гледа такви лица по оние траорни и опскурни лица на груевистите.

Заев многу добро знае дека никому пред него не му појде од рака водење демократско-либерална политика, а во срцето на таквата политика лежи антифашистичката слободарска традиција. Покрај страшната пандемија која го зафати целиот свет, со премногу жртви, несреќи и трагедии, така стоички го издржа бремето, па не седејќи со скрстени раце, почна да ја закрепнува локалната и упропастена инфраструктура, од патишта и мостови до болници и училишта.

Ми се чини, имено, дека на овие локални избори треба одново сите да се прибереме, да ја истресеме прашината од себе и да продолжиме да ја градиме Северна Македонија. И мора јасно и отворено да им се спротивставуваме на силите на регресот, на блокадите и кочничарите. Мора јасно и силно да влеземе во политичка борба со националистите. Како ја правдам таквата борба? Целата граѓанска борба за рамноправност паѓа на плеќите на „згуснатиот простор“ во политичкото поле. Симболиката на таа борба се гледа и на овие локални собирања.

Сите десничарски маски паднаа

Емотивниот набој околу Заев исто така е огромен, а огромни се и проблемите кои неговиот „будимпештански“ претходник му ги остави во наследство. Без разлика на сè, говорите на Заев на овие локални избори се слушани од огромен број граѓани, кои навистина веруваат дека во оваа земја може да тргне модерно, пристојно и цивилизирано.

Зоран Заев пред нацијата извади каталог од предизвици. Никој до денес не успеа да ја гради инфраструктурата, патиштата, болниците и училиштата како Владата на Заев.

Од друга страна, „алтернатива на Заев“ е Мицкоски. Која е и каква е таа алтернатива наречена „Мицкоски“? Веднаш отворено ќе кажам: алтернативата на Заев е десничарско насилство! И тоа не го гледаат само оние кои тоа не сакаат да го видат.

Пред неколку денови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Бутел, извесен Дарко Костовски, повикува на насилство со следните пораки: „Клетите шиптари“ и „Чиста Македонија“. Имено, се појави „вирално видео“ (на интернет); таквото видео предизвика бурни реакции и негодувања кај жителите на Општина Бутел, која важи за мултикултурна средина во која соживотот и разбирањето ги поврзува сите жители без разлика на нивната етничка и верска припадност.

Тоа, драги пријатели, кога некој повикува на „чистење од себе“ без разлика дали се работи за Албанци, а најчесто е насочено кон „другите ‘различни’ од нас“, се нарекува „глајхшалтунг“ (Gleichshaltung) – термин што го имате во „Дневниците“ на Томас Ман. Терминот е на Гебелс од 1933/34 година на минатиот век, во времето на нацистичка Германија, што во пежоративно-колоквијален говор би значело: ќе бидеме повторно како Груевски и немој некој да писнал.

За трагедијата да биде побизарна и поапсурдна, Зијадин Села во уште поголем бес и лудило изјавува: „Ќе бркаме Македонци од работа, а ќе вработуваме Албанци“.

Сакам да кажам, тие може да бидат безочни и бесрамни онака како што ние никогаш не би можеле. Ама ние можеме да бидеме мудри, трпеливи и постојани како што тие не би можеле. А не можат, затоа што им се брза да го испорачаат сè она за кое имаат концесии кај „будимпештанецот“.

Да бидеме такви: мирни, трпеливи, постојани, иако нè бербатат јавно со нашето име и углед. Ние не сме како нив, ние сме подобри од нив. Ние, кои сме со политиките на Заев, нашиот демократски лидер на слободниот свет, не смееме да си дозволиме бес, не смееме да си ја дозволиме омразата. И, над сè, не смееме да дозволиме насилство.

Сите десничарски маски паднаа, сите глумци се разоткриени, и ние сме, можеби звучи пребрзо и апсурдно, веќе победници. Единствено нешто кое нашата победа може да ја доведе во прашање е насилството. Море, што сака нека се случи, насилството им го оставаме на нив, на оние што веруваат дека силата лежи во пцостите, во другите цели, во нивните насилнички ритуали.

Ништо не може да му парира на таквиот пристоен и цивилизациски мир, а сепак толку силен глас, кој бара учтивост, коректен разговор и добрина во себе. Тоа е сè што сме ние, а тоа е сè што не се тие. Трпеливо, храбро и со насмевка ќе ја градиме Северна Македонија.

loading...

kết quả tài xỉu go88 kinh nghiệm chơi go88 Tải go88 apk ios về ip - Android Game bài đại gia

game bài sunwin truc tuyen