До сега изградена е вакуум станицата, како и примарната и секундарна вакуум мрежа во планираните две фази, а се изведува третата фаза од изградбата на примарната и секундарна мрежа која ја работиме со средства на Владата.
✅Веќе е завршен и јавниот повик за изградба на канализационата мрежа во Чукур Маало и Трубарево, за што наскоро започнува и реализацијата на овие проекти.
✅Завршена е и главната ревизија на проектот за изградба на канализациона мрежа во Црешево, за што наскоро распишан ќе биде и јавниот повик за избор на изведувач.
