ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ПОРТПАРОЛОТ НА МВР, ТОНИ АНГЕЛОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПОРТПАРОЛОТ НА МВР, ТОНИ АНГЕЛОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА Е ЕЛИТНО КУРТОНЧЕ: 500 евра е смешна сума за мене!
ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА Е ЕЛИТНО КУРТОНЧЕ: 500 евра е смешна сума за мене!
Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско, поткупувале за кандидат на ВМРО ДПМНЕ
Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско, поткупувале за кандидат на ВМРО ДПМНЕ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, САМ ПРОТИВ СИТЕ НО СЕПАК НАРОДОТ Е СО ТЕБЕ, НА ДОЖД ПАРТИЗАНСКИ ИСТЕРА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КАМПАЊИ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, САМ ПРОТИВ СИТЕ НО СЕПАК НАРОДОТ Е СО ТЕБЕ, НА ДОЖД ПАРТИЗАНСКИ ИСТЕРА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КАМПАЊИ

Невакцинираните се потенцијални „фабрики“ за нови мутации, тврдат инфектолозите

Невакцинираните луѓе не претставуваат само ризик за нивното здравје, тие претставуваат ризик за сите доколку се заразат со коронавирусот, велат експерти за заразни болести.

Ова е затоа што единствениот извор на нови мутации на коронавирусот е телото на заразено лице.

– Невакцинираните луѓе се потенцијални фабрики за нови мутации, изјави за Си-Ен-Ен доктор Вилијам Шафнер, професор на Одделот за инфективни болести Универзитетскиот медицински центар Вандербилт.

– Колку повеќе невакцинирани луѓе има, толку се поголеми шансите вирусот да се размножи, вели Шафнер.

– Кога тоа ќе се случи, вирусот мутира и може да има уште посериозна мутација на вирусот отколку онаа што е моментално присутна, додава тој.

Сите вируси мутираат и, иако коронавирусот не е особено склон кон мутации, тој сепак се менува и еволуира.

Повеќето од овие промени не значат ништо за вирусот, а некои можат да го ослабнат. Сепак, понекогаш вирусот развива случајна мутација која станува позаразна – лесно се шири или реплицира, или може да зарази многу различни домаќини.

Таквите вируси ќе ги надминат другите вируси и полесно ќе се шират меѓу популацијата. Ако заразено лице го пренесе вирусот на некој друг, мутираната верзија на вирусот ќе се прошири понатаму.

Ако мутираната верзија стане доволно успешна, таа станува варијанта.

Но, за да се случи тоа, вирусот мора да се реплицира, а невакцинираната личност му ја дава таа можност на вирусот.

– Како што се развиваат вирусни мутации, оние кои преживуваат се оние кои можат полесно да се шират меѓу населението, изјави за Си-Ен-Ен микробиологот и имунолог Ендру Пекош од школата за јавно здравје на Џонс Хопкинс Блумберг.

– Секој пат кога вирусот се менува, тој му дава на вирусот различна платформа за додавање нови мутации. Сега имаме вирус кој се шири поефикасно, рече Пекош.

Вирусите кои не се шират не можат да мутираат.

Варијанти на коронавирус го преплавија светот – Б1.1.7 или алфа варијанта, првпат се појави во Англија. Варијантата Н. 1.351 или Бета за прв пат е забележана во Јужна Африка. Делта варијантата, наречена Б. 1.617.2, првпат се појави во Индија. Неколку нови варијанти се појавија и во САД, вклучувајќи ја и варијантата Б. 1.427 која се појави во Калифорнија и Б. 1.526 која се појави во Њујорк.

loading...

Judge (Dub) Episode Full

ANIMEFLIX: Mobile Suit Gundam SEED Remaster (Dub) anime episode 48 online free at https://animeflix.nl animeflix boku no hero

Website https://animebee.to: Watch Lupin III: Part 5 (Dub) animebee Episode 24 english dubbed anime

AnimeDao: Dirty Pair Flash 3 anime episode 5 online free at https://animedao.nl animedao gintama

Thingiverse: https://www.thingiverse.com/kissanimemx/designs

Forum acronis: https://forum.acronis.com/user/358936