Читатели од општина Зрновци не информираат дека градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков со синот Мартин Станков изградиле кафана во центарот на општината на диво, особено дивоградба била терасата врз реката.
Овој пример потоа го следеле сите кафанции во градот кои исто така градат масовно дивоградби низ општината.
Мактел го контактираше градоначалникот Станков кој ни одговори:
– Се работи за одлука на советот кој со гласање ја изгласа одлуката со која советот на општината ми дозволи да имам тераса над реката за што си плаќам месечна кирија на општината. ве поканувам да дојдете да ја посетите општината имаме гости од цела Македонја.
Со ова тој потврди дека ја злоупотребил својата положба, советот на општината каде тој е градоначалник гласал за тој како градоначалник на има кафана над реката во центарот на градот.