Го посетивме и кампот за обука на специјалните единици на МВР кој е изграден од донираните контејнери преку Амбасадата на САД во Републикa Северна Македонија, а инфраструктурата за кампот е изградена со средства од МВР.
Со изградбата на овој камп се зајакнуваат капацитетите на МВР посебно на Одделот за специјални полициски операции. Во кампот можат да бидат сместени припадници на специјалните единици во сите временски услови.
Кампот има индивидуален довод на струја, вода и одвод, а локацијата овозможува идеални услови за реализирање на голем број на теми од оперативно тактичката обука на специјалните единици.