(ВИДЕО) ВАКВИТЕ ЛУЃЕ ДАВААТ НАДЕЖ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
(ВИДЕО) ВАКВИТЕ ЛУЃЕ ДАВААТ НАДЕЖ ДЕКА ЕДЕН ДЕН СВЕТОТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
(ВИДЕО) Дива свиња уби ловџија во Неготино
(ВИДЕО) Дива свиња уби ловџија во Неготино
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
ИДИОТСКАТА ТЕЗА НА ВМРОВЦИТЕ: ХЕРОИН СЕ ПРАВИ ОД СОЛНА КИСЕЛИНА И АЦЕТОН КОИ ЧИНАТ 20 ДЕНАРИ ЗА ЛИТРО И НЕ ГОРАТ ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ!
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
Џафери изрази сочувство за смртта на Пендаров
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРОВЦИТЕ: ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА ШИРИ ОМРАЗА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
ОВОЈ ИСПАДНА МНОГУ СМЕШЕН ЧОВЕК: Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
Беличанец: Заев затекна корумпирана партиска мафијашка држава на која и ја скрши кичмата
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски
(ВИДЕО) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, промовираат проекти на СДСМ и му служат само на Мицкоски

НЕВЕРОЈАТНО, НАШИОТ ТИКВЕШ УСПЕШНО СЕ ВМЕШУВА ВО СЕГМЕНТОТ ПРЕМИУМ ВИНА НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР, ВИНА КОИ ЧИНАТ ОД 100 ДО 500 ЕВРА ШИШЕ!

Минатиот пат пишувавме за струјата. Денеска ќе пишуваме за виното бидејќи минатата недела на мојата работна маса пристигна едно убаво спакувано шише вино, со уште поубава порака од Светозар Јаневски. Во неа Јаневски пишува:

„Шишето вино, кое е навистина посебно, е наменето за посебни пријатели. Тоа е премиум виното TERRASSE À L’OMBRE. Оваа вистинска француска креација е создадена во моето Chateau de Gourdon. Ова вино ги освои судиите на пролетната дегустација на натпреварот Мундус вини 2021 година и е добитник на наградата Најдоброто вино од долината на реката Рона во Франција, со освоени повеќе од 95 поени. Тоа е едно од најдобрите вина во светот и е резултат на инвестицијата на ‘Тиквеш’ во францускиот посед. Со тоа се зголемуваат амбициите на ‘Тиквеш’ во винскиот бизнис.“

Во изминативе 15 години сум примил многу вакви пораки, но оваа некако посебно ме инспирира, бидејќи мислам дека има врска со промената на нашиот менталитет, кој е основа на сите наши проблеми, а за негова промена мораме јавно да ги истакнуваме добрите примери, а лошите да ги санкционираме. Во овој момент, кога се соочуваме со најтешките кризи досега – економската, здравствената и енергетската – како никогаш досега ни е потребно да ги вратиме оптимизмот и ентузијазмот и сите заедно да успееме да го преживееме овој период. Ако досега за сѐ нешто се обидувавме да најдеме оправдување дека не можеме да одиме напред затоа што немаме јасно определена цел, овде целта е видлива и остварлива, но бара поинаков пристап во работењето. Да направиш вино во вакви услови, и тоа токму во земјата на виното, Франција, и тоа да го препознаат реномирани авторитети од таа област, за мене е пример за тоа каде треба да одиме и кон која цел да се движиме. Знам дека многу луѓе песимисти различно од мене ќе го коментираат ова, но јас зборувам за обични нешта, за обично шато, за обично вино, за обичен пример кој во услови на големи кризи изгледа некако нестварно.

Можеби тоа е патоказот за излегување од песимизмот и од летаргијата кога се наоѓаш пред големи тешкотии и кога мислиш дека се тие несовладливи.

Точно пред 10 години, со наша бизнис-делегација, присуствував на Светскиот коморски конгрес во Мексико Сити. На свеченото отворање на Конгресот, во присуство на 5.000 бизнисмени од светот, нашата делегација седеше на посебна маса во средината на салата, обележана со нашето државно знаме. Одненадеж тука се појави мојот драг пријател Рифат Хисарчиоглу, претседател на Унијата на турските комори и стокови берзи и еден од најголемите коморски авторитети во светот, кој учтиво се поздрави со целата делегација и ме повика да му се придружам на централната маса, на која беа претседателот на Мексико, Калдерон, и тројцата главни спонзори на Конгресот од „Кока-кола“ (Coca-Cola), „Проктер и Гембл“ (Procter & Gamble – P&G) и од „Филип Морис“ (Philip Morris International Inc). Откако ме претстави, праша дали некој ја знае Македонија. Мухтар Кент Главем, извршен директор на „Кока-кола“ (Coca-Cola), рече дека двапати бил во Македонија и дека има пријател кој се вика Светозар Јаневски. Нормално, објасни дека претходно раководел со „Ефес Пилсен“ (Еfes Pilsen), од кога и датира нивното пријателство. На голема далечина и на толку значаен собир тоа те прави особено горд, кога ќе слушнеш нешто убаво за својата држава и за нејзините луѓе.

П.С. Виното е вино, без него и ќе преживееме, но струјата во изминатите 10 дена беше алфа и омега на нашето работење. Одамна за толку кратко време не сме презеле толку многу активности и ги уверувам нашите компании дека ќе направиме сѐ за да им помогнеме во ваква ситуација. Формиравме кризен штаб, во постојан контакт сме со Владата, ги консултиравме сите релевантни адреси и подготвени сме да учествуваме во изнаоѓањето решенија.

(авторот е претседател на Стопанската комора на Северна Македонија)

loading...

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

Website https://animebee.to: Watch Senya Ichiya Monogatari animebee Episode Full animes online

AnimeKisa: Sekai Ichi Hatsukoi - The World's Greatest First Love Season 2 anime episode 12 online free at https://animekisa.in watch anime dub

Wake Up (https://animedao.nl/m/5qOX) Episode Full

AniWatch: Be Forever Yamato anime episode Full online free at https://aniwatch.pro dubbed anime