БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО ОВА Е ИСТОРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА - ДЕНЕСКА СЕ СТАВИ ПОТПИС НА ЗАЕМОТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА - Од Ѓорче до Ново Лисиче за 35 минути – во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт
БРАВО ОВА Е ИСТОРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА - ДЕНЕСКА СЕ СТАВИ ПОТПИС НА ЗАЕМОТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА - Од Ѓорче до Ново Лисиче за 35 минути – во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт
НИКОЛОВСКИ: Да се биде дел од СДСМ е да се биде дел од големо, сплотено социјалдемократско семејство посветено на нашата татковината, посветено на подобра иднина за сите
НИКОЛОВСКИ: Да се биде дел од СДСМ е да се биде дел од големо, сплотено социјалдемократско семејство посветено на нашата татковината, посветено на подобра иднина за сите
ОРДАНОВСКИ: По обичај, нè очекуваат неколку недели на пост-фестум лелекање на ВМРОНИТЕ и ЛЕВИЦА заради нивниот неуспешен обид за блокирање на пресудната државна помош, со предвидлив политички резултат: на регистарот на обвинувања за власта, покрај целиот дијапазон квалификативи за неспособност и криминализираност, сега и официјално е додаден тероризмот. Тоа значи дека Алан Форд од Левица, конечно, им го испил мозокот. Следната фаза е „По шумама и горама“!

Стејт департмент: Русија е агресор во Украина
Стејт департмент: Русија е агресор во Украина
ВО ВТОРНИК ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ – АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАЈН
ВО ВТОРНИК ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ – АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАЈН
ОД 27 АПРИЛ ДО 15 МАЈ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА БИДЕ ОД 21 ЧАСОТ, И ДА РАБОТАТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ НА КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА, ПРЕДЛАГА ГЛАВНИОТ КРИЗЕН ШТАБ
ОД 27 АПРИЛ ДО 15 МАЈ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА БИДЕ ОД 21 ЧАСОТ, И ДА РАБОТАТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ НА КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА, ПРЕДЛАГА ГЛАВНИОТ КРИЗЕН ШТАБ
АЈДЕ УШТЕ МАЛЦЕ ДА ИЗДРЖИМЕ СИТЕ: Грција се отвора за странци на 14 мај
АЈДЕ УШТЕ МАЛЦЕ ДА ИЗДРЖИМЕ СИТЕ: Грција се отвора за странци на 14 мај

НИКОЛА НАУМОВСКИ: ЛЕВИЧАРСТВОТО, ЈАВНИОТ ПРОСТОР И ПАРКИНГОT – Ако Димитар Апасиев не може да си дозволи да плати 50 денари час на регулиран паркинг наместо да паркира на тротоар кога оди на работа, тогаш кој може?

… се тесно поврзани прашања. Секој кој живеел во град и погледнал околу себе, приметил дека огромен дел од јавните површини служат за автомобилите, а уште поголем дел за нивно паркирање. Секој кој прошетал во други градови видел дека секој град си има свои посебни паркинг политики, адаптирани на потребите на градот, на неговите жители, на неговите географски услови, јавниот превоз, економските прилики итн. Имено, не постојат два града со иста паркинг политика во светот. Па, кога некој ќе ви каже дека „во нормална држава паркингот ти доаѓа со купен стан“, треба да се внимава бидејќи ем лаже, ем манипулира тенденциозно, ем поим нема од градски политики.

Во случајот со Апасиев, познато е дека има живеено во Велес, Штип, Москва и Скопје. Не знам што „нормална држава“ значи во неговата глава, ама би сакал да знам што значи „нормален град“ бидејќи Велес и Штип речиси и да немаат паркинг политики, немаат јавни претпријатија, пајаци, наплати, зони итн. Главниот град на Русија, кој што има посебно место во неговото срце, изгледа исто така не е дел од „нормална држава“, бидејќи ни таму нема такво нешто како „купи стан – добиј паркинг“. Во Москва паркингот е толку скап што ако ги споредуваме ценовниците ќе се засрамиме од браќата Руси колку чини паркирањето на нивните лади, а колку паркирањето на нашите алфи.

Во Скопје се регистрирани околу 180.000 возила, а уште десетици илјади влегуваат и изглегуваат од градот секој ден. Но, Скопје има регулиран паркинг за околу ¼ од тие места, што значи дека секое 4-то возило може да биде регуларно згрижено на простор соодветен за тоа (притоа имајќи предвид дека сеуште постојат регуларни паркинг места на тротоар). Бројката на возила најмногу е порасната, речиси за 50% по дозволениот увоз на стари возила во 2009-та година – штетна популистичка мерка на Никола Груевски со далекусежни реперкусии врз загадувањето, безбедноста во сообраќајот, урбанизмот, зеленилото во Скопје итн. Димче Апасиев е веројатно еден од оние луѓе што имаат неодамна набавено такво возило, како и стан во Аеродром – ретка привилегија за брзо стекнување капитал која што ја имаат пратениците со големи плати во брак со професорка со исто така високи примања. Овие факти, покрај што ни укажуваат дека се работи за припадник на високата класа (но е defensor plebei на ниската), укажуваат и на недостаток на галантност која што ја имаат луѓето од високата класа во другите „нормални држави“. Таму богаташите плаќаат сериозни суми за својата комоција да паркираат во близина на својот стан или работно место. Ако семејството Апасиеви не може да си дозволи паркинг место, тогаш кој може? Ако Димитар Апасиев не може да си дозволи да плати 50 денари час на регулиран паркинг наместо да паркира на тротоар кога оди на работа, тогаш кој може?

Јавниот простор е јавно добро. Треба да се сфати како сечиј имот и неговата злоупотреба значи и злоупотреба на јавни добра. Тоа е споредливо со злоупотребата на заедничките пари, заедничките згради, заедничките природни реткости итн. Исто како што е злоупотреба да приграбите сечија земја за да си направите рудник/нива/хидроцентрала, така е и со 15-те квадратни метри што ги окупирате со своето возило кога паркирате на тротоар/тревник/плочник. Левата борба значи борба за заедничкото, за солидарност, против силеџиството, за фер пристап до заедничките добра и за еднаквост на ранливите групи на граѓани со останатите. Според тоа, за еден пратеник – левичар, окупацијата на јавен простор за свои приватни цели е во суштина издајничка работа за своите идеали и борби. Секако, оваа оценка не важи за сите несовесни возачи во Скопје, бидејќи тие не се пратеници кои треба да водат со пример, ниту пак прават скандали при секоја изречена казна.
Ова однесување на политичар од Левица не е изолиран случај. Минатата година членката на Советот на градот Драгана Велковска на ист начин се однесуваше кога нејзиното возило беше затекнато од инспекторите паркирано на тротоар. И тогаш причината за неодговорното однесување беше што немало паркинг на разумна оддалеченост и тезата дека градот/државата е должен да обезбеди близок паркинг за секого, дури и на места како Градски Sид каде нема каде игла да се фрли, а не пак нов паркинг да се направи. Евидентно е дека се работи за изговори на возрасни луѓе кои се однесуваат како деца, кенкаво и себично, спремни да го кренат цел град на нозе само за да не платат казна што сите други ја плаќаат. Тоа е партија на грозен популизам, луѓе кои би рекле било што на своите комшии за да ја добијат нивната наклонетост. Вчера е паркингот, денес данокот, утре ќе ги подучуваат луѓето да не ги плаќаат обврските кон куќните совети. Купи глас/лајк помини ден. Тоа е нивната борба се‘ додека не дојдат на власт и го покажат нивното фашистичко лице.

loading...

GoGoAnime fruits basket gogoanime: The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full

AniWatch aniwatch.me: Naruto (Dub) Episode 220