Започнувањето со работа на детската градинка ,,Јаготка” во Обршани, доведе до потреба градинката ,,Весело Штркче” да набави специјално возило за достава на храна и прехрамбени продукти, кое ќе служи на Д.Г ,,Јаготка” за достава на дневни оброци за дечињата кои ја посетуваат.
Ова возило го набавивме со цел непречен и безбеден транспорт на храна, а со тоа се отвора опцијата за целодневна настава за децата од предшколска возраст кои ја посетуваат градинката.
Дечињата заслужуваат најдобри услови, тие се иднината на општина и општина Кривогаштани ќе продолжи со унапредување на условите во сите образовните установи.