Николовски: Европската комисија ја усвои новата ИПАРД 3 Програма за Северна Македонија со над 60% повисок буџет

Европската комисија, ја усвои новата ИПАРД 3 Програма за Северна Македонија, изјави на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупо Николовски. Николовски посочи дека Европската комисија ја препознава посветеноста на МЗШВ, телото за управување со ИПАРД и на Платежната агенција за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД 2 програма, и затоа буџетот за ИПАРД 3 се очекува да биде за над 60 отсто поголем од ИПАРД 2.

„Преку максимална искористеност на ИПАРД Програмата, го развиваме и зајакнуваме македонското производство, со цел попрофитабилно и конкурентно земјоделство како основа за развој на македонската економија. Нашата држава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД. ИПАРД 2 ќе биде целосно искористен и досега се склучени 2.270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Она што очекуваме со ИПАРД 3 програмата во следните 7 години,заедно со кофинансирањето од самите апликанти е да 250 милиони се инвестираат во македонското земјоделството, агропреработувачката индустрија и руралниот развој.И тоа се рекордни средства кои ќе влезат во развојни проекти во инвестиции ви преработувачки капацитети“, изјави министерот Николовски.

При тоа, министерот Николовски посочи дека се воведуваат повеќе нови при аплицирањето за ИПАРД 3 Програмата. Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција. Исто така корисник на ИПАРД ќе може да се биде т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија, со што се отвора опцијата за мерките да конкурираат задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на минимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво.

Во ИПАРД 3 ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој ќе се објави во последниот квартал од годинава.

ИПАРД 3 Програмата ќе стратува со четири нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство.„Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ преку која општините ќе можат да користат финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни објекти, изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично. Со мерката „Агро-екологија-клима и органско производство“, се озвозможуваат инвестици во агро-еколошки мерки како што е затревување на овошни насади и ротација на култури во градинарството и финансирање на органското земјоделско производството, односно конверзијата од конвенционално во органско производство. Со оваа мерка ќе се стимулира еколошкото земјоделско производство, во согласност со тековните насоки и трендови во ЕУ. Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи со која ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. За уште поголема искористеност на европските фондови, во ИПАРД 3 има мерка за поддршка за „Советодавни услуги“. Со оваа мерка се овозможува финансиска поддршка за надградба и усовршување на советодавните услуги што ги нуди Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, особено во делот на помош на земјоделците за пополнување на барањата за ИПАРД, како и следење на реализацијата на финансираните инвестиции, совети за воведување на нови иновативни технологии, агро-еколошко производство и слично.

Министерот Николовски денеска ја посето компанијата „БАКО“ којашто е корисник на ИПАРД 2 програмата. Оваа
компанија со помош на европските фондови инвестирала во набавка на модерна опрема потребна за производството. Инвестицијата е во вредност од 18,3 милиони евра, а поддршката од ИПАРД над 9 милиони денари. Сопственикот на команијата посочи дека веќе планираат да конкурираат и за новата ИПАРД 3 програма.

tải sunwin tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất

tải sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin club

game bài sunwin tải sunwin sunwin web

sunwin.apk mới nhất sunwin tài xỉu sunwin club

sunwin tài xỉu sunwin club game bài sunwin