Николовски: Ги промовираме македонските локални производи, рекордна поддршка за 47 манифестации

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги додели договорите за финансиска поддршка за организација на локални манифестации и саеми за промоција на македонските земјоделски производи.

На јавниот повик објавен од страна на министерството кон крајот на месец март годинава пристигнаа вкупно 61 апликација, од кои се одобрени 47 во вредност од околу 5 милиони денари. Овој јавен повик за поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи

се распиша повторно по двегодишна пауза поради корона кризата. Повикот забележа голем интерес кај општините, земјоделските здруженија, задруги, локалните акциски групи и стопанските комори.

„Со ваквата поддршка го јакнеме и поттикнуваме локалното производство и малите производители кои имаат развиено свои брендови. Дополнително, со донесувањето на правилниците за продажба од куќен праг, тие можат легално да ги продаваат своите производи. Домашните брендови создадени токму од малите производители ја збогатуваат понудата на македонските традиционални производи направени по рецепти кои се пренесувани со генерации. Со продажбата од куќен праг најмногу се стимулираат малите производители и руралните жени, а токму тие се еден од главните приоритети при креирањето на стимулативните мерки и политики на МЗШВ. Тие секогаш ќе ја имаат нашата поддршка бидејќи креираат додадена вредност на земјоделското производство и директно ја развиваат домашната економија, креирајќи мали количини на производи, но со оригинален и автентичен квалитет“ истакна во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски.

МЗШВ поддржа манифестации и саеми од најразлични теми и речиси во сите региони низ државата, настани кои се со долгогодишна традиција, но и такви кои за прв пат ќе се одржат благодарение на финансиските средства кои се обезбедуваат преку оваа програма за поддршка. Ги промовираме македонските земјоделски производи, медот и пчелните производи, разните видови на сирења, млека, вино, органските производи и традиционални специјалитети. Понатаму, се врши промоција на домашни автохтони раси, на еко туризам, на биодиверзитетот, како и поддршка на манифестации за промоција и зачувување на земјоделската традиција.

Со ваквата поддршка од Министерството станаа препознатливи огромен број на манифестации и саеми. Како дел од нив може да се набројат „Фестивал на медот“ во Тетово, „Поречки фармер“, „Валандовска ракијада“, „Преспански јаболкобер“, „Мариово – оаза за органска храна“ и уште многу други.

„Она што вие го правите со вашиот ентузијазам е чиста манифестација на љубовта кон нашата земја со сите нејзини богатства и природни убавини, храна, фолклор и традиција. Земјоделскиот сектор е комплексен збир од многу активности, илјадници проекти, брзи интервентни одлуки, но и моменти кога треба токму со поддршка на ваквите локални фестивали и саеми да се потсетиме дека имаме многу вредности, многу наши домашни богатсва и брендови со кои вреди и треба да се гордееме, но и пофалиме пред регионот и светот. Нашите производи од мед, македонските вина, ракијата, ајварот, маџунот, домашните слатка и многу други производи се добитници на огромен број на награди на саеми низ светот“ истакна во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Николовски на добитниците им посака успешна реализација на планираните настани, потенцирајќи ја желбата да продолжи заедничкото негување на земјоделската традиција која се манифестира преку преку финансиската поддршка од страна на МЗШВ, а од страна на корисниците на грантовите преку нивните идеи за успешно промовирање на нашата земја низ целиот свет.

game sunwin tải sunwin apk sunwin tài xỉu

sunwin club game sunwin sunwin.apk mới nhất

sunwin

sun win

tải sunwin apk tải sunwin apk tải sunwin