ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

Николовски од Белград: Иницијативата „Отворен Балкан” економски го унапредува целиот регион, за само 24 часа македонските производи се на српскиот пазар

Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан” се видливи, тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема заджување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, за само 24 часа македонските производи, се на српскиот пазар, изјави утрово министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој заедно со министрите за земјоделство на Србија, Албанија и Република Српска, го посетија царинскиот терминал „Делизе” во Белград, Република Србија.

„Драго ми е што вака работно на терен, заедно со колегите од регионот, имаме прилика да видиме практично како функционира иницијативата „Отворен Балкан”, којашто ја одбележа оваа година и којашто ги дава резултатите. Особено ми е драго што огромни конзорциуми и компании, потврдуват дека навистина се скратени времето на чекање и процедурите. Се уверивме дека она што е потпишано веќе е спроведено. Нема задржување повеќе на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури. Особено е важно што направивме поголем чекор а тоа е меѓусебното признавање на сертификатите и не се земаат повторно мостри и не се прават повторно анализи, а тоа е особено добро за бизнис климата на целиот регион” изјави министерот Николовски.

Тој посочи дека за македонските компании е особено важно, што земјоделските производи нема да се расипуваат бидејќи нема да се чека на границите. Со овие забрзани процедури трите земји потписнички на иницијативата „Отворен Балкан”, ќе си помогнат најмногу, особено заради тоашто вкупната трговска размена е околу 300 милиони евра само во делот на земјоделските производи.

Министерот Николовски потенцираше дека за Северна Македонија, Србија и Албанија од особено значење ќе биде и другите земји од регионот да се приклучат кон иницијативата „Отворен Балкан”, бидејќи овие иницијативи го движат и економски го унапредуваат целиот регион.

Инаку денешната посета на министерот Николовски на царинскиот терминал во Белград е во рамки на одржувањето на саемот „Агро Белград”, кадешто министерот Николовски ќе го посети и македонскиот штанд. Се работи за специјализиран саемско-конференциски настан посветен на овоштарството, лозарството и градинарството.

loading...

auto tài xỉu go88 GO88 - Tải Go88 Club | Game bài đổi thưởng cách tải game go88

https://sunwin.fan/