Државата е партнер на стопанството и граѓаните, со ова ќе се даде дополнителна поддршка на компаниите во надминување на кризата. Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност. Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6.509 лица.
