На денешниот состанок со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го информирав за процесот на измена на законите важни за спроведување на дигитализацијата. Од претседателот Џафери добивме силна поддршка за спроведување на оваа крупна реформа којашто ќе го направи подобар животот на граѓаните.
Со елиминирање на човечкиот фактор добиваме побрзи и поефикасни услуги, автоматизиран процес на издавање на акти и пократко време за чекање на документи – ова е клучот за функционален систем на ред, правда и дисциплина.