ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА, МИЦКОВСКИ МУ НАРЕДИЛ ДА ГЛУМИ КЛОВН - БАРА ОД ОСМАНИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО КИМ КАРДАШИЈАН РИЈАЛИТИ ШОУ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА, МИЦКОВСКИ МУ НАРЕДИЛ ДА ГЛУМИ КЛОВН - БАРА ОД ОСМАНИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО КИМ КАРДАШИЈАН РИЈАЛИТИ ШОУ!
Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“
Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“
Ѓоргиев: За Илинденското востание не сме разговарале во Комисијата
Ѓоргиев: За Илинденското востание не сме разговарале во Комисијата
Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
ФОТО ГАЛЕРИЈА: ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА
ФОТО ГАЛЕРИЈА: ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе

Николовски за „Аграр“: За прв пат имаме Програма за интервентен фонд, со дополнителни финансиски средства им помагаме на земјоделците да имаат одржливо производство

Подготвени сме со механизми, со дополнителни средства да им помогнеме на земјоделците, на компаниите во овие кризни времиња, за да ги анулираат трошоците од растот на цените, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во денешното гостување во емисијата „Аграр“ на Националната радио телевизија.

Министерот Николовски посочи дека на следната владина седница ќе биде предложена новата Програма за интервентен фонд со која се планирани 250 милиони денари за интервентни мерки.

“Оваа година е прва година во којашто имаме посебна Програма за интервенентен фонд, надвор од директните плаќања и руралниот развој, 250 милиони денари се внесени во овој фонд кој ќе се состои од мерки што ќе значат поддршка и за сточарството и за растителното производство односно поддршка за житните култури. Имавме средби со одгледувачите на свињи, на овци со посекторската група за житни култури во МЗШВ, се со цел да детектираме што е тоа што треба да го поддржиме. За набавка на вештачки ѓубрива ќе добијат 20% поддршка од државата, за да го ублажиме растот на цените.Само за подмерката за субвенционирање на ѓубривата се предвидени 120 милиони денари. Другите две мерки се однесуваат за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет за што субвенцијата е 400 денари и 1.500 за предадени гоенци во кланичен капацитет. Земјоделците треба да ги чуваат сметките од овој период, компаниите фактурите“, рече министерот Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека ова година поради растот на цената на нафтата направиме дополнително усогласување, со што изаносот на поддршката за мерката зелена нафта е зголемен за 13%, а дополнитено со измените на Законот за земјоделство и рурален развој што е во собраниска процедура, поддршката за оваа мерка се зголемува на 70% и следната година на 100%.

Во однос на состојбата со пченица, Николовски повика на смиреност и изјави дека мелничарите имаат залихи а производството на домашна пченица бележи пораст.

„Во 2017 година производството било 195 илјади тони, а во 2021 година е 253 илјади тони. Тоа е зголемено домашно производство, зголемени приноси. Имаме намалување на увозот на пченица од 87 илјади тони во 2017 година на 74 илјади тони во 2021 година. Кај јачменот од увоз на 15 илјади тони во 2017 година сега имаме 950 тона. Ние сме секогаш во постојана комуникација со сите ресорни министерства од регинот, и иницијативата Отворен Балкан ни овозможува да разменуваме информации на дневно ниво, ќе имаме министерски состанок набрзо за да договориме идни политики и меѓусебно да се поддржуваме“, изјави министерот Николовски.

Се става фокус на поддршка и развој на договорното производството, посочи Николовски, како модел за сигурно и одржливо произвдство, посочувајќи го како позитивен пример договорното производство со сончогледот, што доведе и до зголемување на површините со оваа култура.

Во интервјуто, Николовски изјави дека за прв пат оваа година Прорамата за финансиска поддршка во земјоделтвото е усогласена со европските директиви, со што се воведува авансна исплата на субвенциите годинава како пилот мерка за овоштарите а од следната година за сите земјоделски гранки.

Во делот на новата ИПАРД 3 програма, министерот Николовски најави дека се очекува за 60% да биде зголемен буџетот. Првиот повик за ИПАРД 3 се очекува да се објави во последниот квартал од годината, со буџет од околу 35 милиони евра и нови акредитирани мерки за поддршка на земјоделството.

loading...

mẹo chơi go88 mẹo bắn cá go88 acc go88

sunwin khoá tài khoản