Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба

Николовски за Утрински брифинг: Граѓаните да имаат доверба во институциите, нашиот фокус е да обезбедиме храна и храна ќе има

Граѓаните треба да имаат доверба во институциите, нашиот фокус е да обезбедиме храна и храна ќе има, изјави минитерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во денешното интервју во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. Николовски посочи дека иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува извонредна можност во време на светска криза и со затворени светски пазари, Северна Македонија да има отворен пазар.

„Со сите стопански комори до детали го анализиравме планот за потребите на стопанските комори за да не важат овие бариери коишто ги има Р. Србија, и вчера се постигна токму тој договор, којшто верувам во следните денови ќе помине на Владата на Р.Србија, односно да се тргне забраната за извоз за Северна Македонија.Ги анализираме потребите и до детали ги анализиравме деталниот план на сите стопански комори, колку се нивните потреби, колку се потребите на економските партнери на двете земји и колку договори се склучени.Околу 50.000 тони пченица се потребни до жетва. Тоа вчера што го договоривме со Србија е тргање на забраната, тргање на бариерата кон РСМ и исполнување на сите овие договори помеѓу трговските партнери за пченица, за пченка, за масло за јадење, за брашно, што е особено важно. Паралелно, разговаравме и за обезбедување на вештачко ѓубриво. Нашиот целосен фокус е да обезбедиме храна за нашите граѓани и граѓаните треба да знаат дека се прават максимални напори, вклучени се сите механизми“, рече министерот Николовски.

Во интервјуто, министерот изјави дека производството на домашна пченица се зголемува од 195.000 тони во 2017 година на 253.000 тони во 2021 година, дополнително со годинешниот план за сеидба површините бележат пораст, што значи и намалување на увозот на пченица.

„Ние сме имале и 200.000 хектари со пченица, но сите процеси, транзиција, режим, затварање на агрокомбинати, незаинтересираност на младите и многу други фактори влијаеле на намалување на површините кои сега се зголемуваат. Но, сега со сите политики и мерки што ги преземаме имаме зголемувања на производството. Имаме огромен пораст и на преработките на зеленчук и овошје, од 60 милиони евра извоз, сега истиот е зголемен на 74 милиони евра. Или кај тутунот што е стратешка домашна култура, девизниот прилив сега е 120 милиони евра“, изјави министерот Николовски, додавајќи дека фокусот е целосно на зголемување на производството на стратешките килтури, за што веќе до министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот е се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и на долг рок Северна Македонија да не е повеќе увозно зависна од пченица.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatcher app AniWatch Ranking of Kings

AniWatch DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

anime online Naruto

AniWatch Attack on Titan Final Season Part 2

aniwatcher The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]