Од околу 2 часа колку што траеше денешниот брифинг на градоначалничката со новинарите, едно саат и 45 минути таа плачеше односно се жалеше како владата ја саботирала, Петре не сработил ништо и оставил големи долгови, кое патем едно со друго не иде или работел и трошел или ништо не работил и нема долгови не може и двете, потоа како немала ингеренции, немало време за големи проекти, народот не сакал да чека?!?!
Буквално што и да ја прашаа новинарите, Данела одговараше на еден од следниве начини
– Нема пари за тоа
– Нема време за тоа народот не му се чека 4 години за такви проекти, народот сака одма решенија
– Владата за тоа треба да се праша, а они мене ме саботираат
– Немам ингеренции за тоа, прашајте ја владата
– Што не го сработи тоа Петре, што работеше овие 4 години он?!
И така цели 2 саата новинарите пукаа она се тоа па тоа, и на крај кога сите се изморија, брифингот заврши и сите си отидоа.
Многу чудна е Данела, она мислела ќе дојде во град Скопје и ќе затече пуна каса во време на Пандемија која трае веќе 2 години кога приливите на градот се преполовени плус имаше и мораториум за градење па немаше уплата на комуналии во градската каса плус Петре почна неколку капитални проекти како набавка на автобуси, неколку булевари нови и реновирање на неколку постоечки, старт на мостови и тоа два на Вардар, нови кружни текови, проект БРТ, Универзална Сала итн итн, проекти кои чинат пари…
Она исто така очекувала да дојде во канцеларијата и да затече штама, ништо да не се работело претходно да нема започнати проекти и она само да каже АЈМО ЉУДИ и тогаш сите да се фатат за работа?!?!
Очекува соработка со владата кога нејзината прва изјава вечерта кога победи беше ОЧЕКУВАМ ЗАЕВ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА?!?! Тоа ли е нејзината независност како независен кандидат?!?!