Кога ги правиме првите чекори во својата професија најчесто сме доста радознали.
Сакаме да научиме многу работи преку ноќ, но во суштина сме свесни дека секој успех, секое знаење оди чекор по чекор. Но, најважно од се е тоа што каква матрица ќе си поставиме во самиот почеток за нашата кариера така и ќе ја градиме.
Доколку матрицата ја поставиме правилно на почетокот т.е. точно ги зацртаме нашите цели за да ги исполниме и одиме по вистинскиот пат на професијата ние веќе во старт сме успешни.
Нивото во нас самите го градиме токму ние, и каква слика и мислење создаваме во нашата глава за тоа кои сме на професионален план така не доживува и околината затоа што ние всушност на околината и на луѓето околу нас им го даваме она што го носиме.
ПРАВИЛО БР. 3 – Слушајте ја Вашата интуиција за некоја постапка која треба спонтано да ја направите во одредени моменти кога ќе Ви дојде пред Вас ненајавено. Интуицијата ќе ја направи реална Вашата идеја која ќе се преточи во вистински успех и моќ.
ВЕРУВАЈТЕ има нешто посилно од ВАС а што се наоѓа токму во Вашите мисли кои ќе ве однесе до професионалната моќ.
Тоа е Вашиот внатрешен глас, Вашето второ Јас – ВАШАТА ИНТУИЦИЈА.
Извадок од делото ,, Стилот во Вашата професија,,
Глава Прва,
Почетоците во Вашата професија
Пасос 3, стр. 17
Автор: М-р Нада Темелкоски