Дали пораката која сака да ја прати ВМРО ДПМНЕ до јавноста е дека партијата поддржува сите мажи на 40, 50 кога ќе направат сериозни пари да ги баталат своите жени и да се оженат со девојчиња од 18 години?
Дали е исто пораката до 18-годишните девојчиња да си бараат ШУГАР ДЕДИ, некое чиче на 40, 50, 60 да го ухлеби? Да остават и кариера и све и да одат на сигурно?
Професорот Марковски е поранешен сопруг на екс пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска.
Во нормални земји нормалната десница промовира семејни вредности, значи е против развод, промовира семејството на прво место, религија, конзервативно домаќинско однесување. Сигурно тука не спаѓа хедонизам и трчање по мали девојчиња на стари години како некој педофил, девојчиња кои се помали од неговите ќерки на пример…