Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски заедно со кандидатот за градоначаник на Ранковце, Даниел Крстевски утрово оствари средба со жителите на општина Ранковце, на која ја презентираа предизборната програма.
Изградба на нова градинка во општината, нов водоводен систем во селото Псача и подобрување на осветлувањето и „Паметна општина”, се само дел од проектите.
-Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секоја општина, во секој град и во секое село, изјави Спасовски, повикувајќи ги граѓаните да излезат на 17 октомври и да гласаат за кандидатот на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина”.
Потпретседателот на СДСМ им порача на жителите од општината дека ќе победи најдоброто и оти Ранковце го заслужува најдоброто.