„Пет дена во една лента на исклучително фреквентна раскрсница затоа што се крпи една дупка…. “, напиша новинарот Огнен Чанчаревиќ на својот профил на Фејсбук, тагнувајќи ја градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Што кажува ова за вас, вашите способности и капацитети“, праша Чанчаревиќ.
Неговата реакција доаѓа откако веќе цела недела на една од најфрекфентните улици во центарот на Скопје, од Кисела Вода кон Собрание, се вози по една лента затоа што на едно место, на самата раскрсница има дупка.
Оваа место е едно од најфрекфентите во Скопје, а со новите блокади заради поправките се прави дополнителна гужва во сообраќајот и нервоза кај возачите.