СДСМ: Губитникот Мицкоски е изгубен во лагата. Вчера неговите пратеници во Собранието не ја гласаа Националната стратегија за спречување на корупцијата а вечерва отишол на телевизиско гостување да глуми загриженост за корупцијата во земјава. Оди и лаже, тоа е Мицкоски!
СДСМ: Губитникот Мицкоски е изгубен во лагата. Вчера неговите пратеници во Собранието не ја гласаа Националната стратегија за спречување на корупцијата а вечерва отишол на телевизиско гостување да глуми загриженост за корупцијата во земјава. Оди и лаже, тоа е Мицкоски!
(ВИДЕО) ХАХА, ЕКИПАТА НА 360 ОТКРИ УШТЕ ЕДНА МЕДИСКА ИЗМАМА НА КУРТОНИТЕ И НА ВМРО ДПМНЕ!
(ВИДЕО) ХАХА, ЕКИПАТА НА 360 ОТКРИ УШТЕ ЕДНА МЕДИСКА ИЗМАМА НА КУРТОНИТЕ И НА ВМРО ДПМНЕ!
СПРЕЧЕНА КАТАСТРОФА ВО ПРИЛЕП, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО ЧИЈА КУЌА ИЗГОРЕ
СПРЕЧЕНА КАТАСТРОФА ВО ПРИЛЕП, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО ЧИЈА КУЌА ИЗГОРЕ
ИМА ЛИ БЕ ЕДЕН НОРМАЛЕН ОКОЛУ ВМРО ДПМНЕ: ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ ПОВИКА НА ФИЗИЧКА ЛИКВИДАЦИЈА НА МИНИСТРИТЕ И ПРЕМИЕРОТ?!?!
ИМА ЛИ БЕ ЕДЕН НОРМАЛЕН ОКОЛУ ВМРО ДПМНЕ: ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ ПОВИКА НА ФИЗИЧКА ЛИКВИДАЦИЈА НА МИНИСТРИТЕ И ПРЕМИЕРОТ?!?!
ОРДАНОВСКИ СЕ ЧУДИ: Може ли некој да објасни зошто опозицијата во Собранието го одигра вака ова со изгласувањето на петтиот пакет? Збунети се, неспособни или се само злобни?!
ОРДАНОВСКИ СЕ ЧУДИ: Може ли некој да објасни зошто опозицијата во Собранието го одигра вака ова со изгласувањето на петтиот пакет? Збунети се, неспособни или се само злобни?!
МИЦКОВСКИ, НЕ ЗНАЕВ ДЕКА ЌЕ ПАДНЕШ ТОЛКУ НИСКО И ДЕКА СИ ТОЛКУ ЗЛОБЕН, НЕ СИ СПОСОБЕН ЛЕГАЛНО И КАКО ШТО Е РЕД ТУКУ ПРЕКУ БОЛНИ ПРАТЕНИЦИ САКАШ ДА ДОЈДЕШ НА ВЛАСТ!
МИЦКОВСКИ, НЕ ЗНАЕВ ДЕКА ЌЕ ПАДНЕШ ТОЛКУ НИСКО И ДЕКА СИ ТОЛКУ ЗЛОБЕН, НЕ СИ СПОСОБЕН ЛЕГАЛНО И КАКО ШТО Е РЕД ТУКУ ПРЕКУ БОЛНИ ПРАТЕНИЦИ САКАШ ДА ДОЈДЕШ НА ВЛАСТ!
ОНА ШТО МИЦКОВСКИ ГО ПРАВИ ВО СОБРАНИЕ Е РАМНО НА ДРЖАВЕН УДАР И ПОКАЖУВА ДЕКА ВО ОСНОВА МИЦКОВСКИ Е ЕДНО ДИКТАТОРЧЕ МАСКИРАНО ВО ДАСКАЛЧЕ
ОНА ШТО МИЦКОВСКИ ГО ПРАВИ ВО СОБРАНИЕ Е РАМНО НА ДРЖАВЕН УДАР И ПОКАЖУВА ДЕКА ВО ОСНОВА МИЦКОВСКИ Е ЕДНО ДИКТАТОРЧЕ МАСКИРАНО ВО ДАСКАЛЧЕ
УСПЕШНАТА АКЦИЈА ПРОДОЛЖУВА - Од денеска аплицирајте за субвенции за велосипеди и електрични тротинети од Град Скопје
УСПЕШНАТА АКЦИЈА ПРОДОЛЖУВА - Од денеска аплицирајте за субвенции за велосипеди и електрични тротинети од Град Скопје

НОВИНАРОТ КАНЗУРОВ СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ ЗА ВЧЕРАШНОТО ИНТЕРВЈУ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА ТЕЛМА

Интервју од сношти со премиерот Зоран Заев, во кое главниот и неодговорен уредник на националниот концесионер ТВ „Телма“, Атанас Кировски, со пропагирањето на своите изветвени југокомунистички тези, како да се бори да докаже дека ЕУ донела правилно решение, со тоа што на 8 декември не ѝ даде зелена светлина на Република Северна Македонија, да ги започне претпристапните преговори за членство во Унијата.

Кировски во 19-тата минута и 49-тата секунда од видеото вели: „Самиот термин Македонија, односно сега веќе Северна Македонија, не содржи во себе никаков иредентизам, односно територијални претензии кон соседна Бугарија…“, за по интервалот во кој зборува и се правда премиерот Заев, во 21-та минута и 52-рата секунда водителот, насмеан, да продолжи самоуверено да елаборира: „Ама не, обратно е г-не Заев. Немаме ние претензии кон Бугарија. И според целата комуникација, јасно е кој се однесува патерналистички кон другите. Ние никогаш не сме рекле дека Бугарите се дел од македонската нација, која што е заблудена, па застраниле или што ја знам (србизмите и српската јазична конструкција на Кировски се оставени нередактирани – з.м.). Ние секогаш сме им признавале посебност. Никогаш не сме се мешале во нивните внатрешни работи, како сакаат да си ја уредат државата, како сакаат да си го нарекуваат јазикот.“

Хм. Еден поглед врз учебниците по историја во РСМ и веднаш може да се утврди дека основниот столб на наративот таму е тезата за распарчената етничка Македонија, поделена на Букурешкиот мировен договор 1913 година. Беломорска/Егејска и Пиринска Македонија, се третирани како делови од некое насилно откинато монолитно македонско етничко ткиво. Конкретно, токму жителите на Пиринска Македонија, а и претците на денешни бугарски жители, кои од Вардарска и Беломорска/Егејска Македонија, избегале во слободна Бугарија, историскиот наратив на РСМ ги третира како небугари, како дел од „македонската нација, која што е заблудена, па застраниле или што ја знам“, да се послужиме со српско-македонскиот јазик на Атанаса Кировски, за да го осветлиме неговото евтино манипулирање и тоа колку „јасно е кој се однесува патерналистички“.

Да не зборуваме за тоа што официјални институции во Република Северна Македонија, како што се скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, МАНУ и МПЦ-ОА, тврдат во свое заедничко соопштение, а и низ целата своја дејност во минатото, дека Бугарите во Пиринска Македонија не зборуваат на бугарски јазик, ами оти нивните дијалекти се дел од небугарско, македонско јазично подрачје, какви што на пример, според нив се и солунските говори, а тие се од источната страна на „јатовата“ граница!?

Но продолжува интересниот разговор на двајцата експерти за средновековна историја и за лингвистика, а еве ја и следната поента на Атанаса Кировски, на 22-рата минута и 23-тата секунда од видеото: „Ете вчера, така, ми падна во очи една претенциозност од бугарска страна. Сега почна сесловенството. На пример Светите Кирил и Методиј или Свети Климент Охридски. Еве јас сум студирал на универзитетот ‘Светите Кирил и Методиј‘, тие се сесловенски просветители, кои што ја дале писменоста на многу, и јужнословенски и воопшто словенски народи. Сеа бугарскиот парламент со резолуција ги направи бугарски просветители. Мислам стварно (прекрасен, чист македонски збор – з.м.) ќе имаме таков тип на обид за монополизација на историјата, ќе создава проблеми и во иднина. Не ли имате Вие таков впечаток?

Тука се надоврзува другиот експерт, Зоран Заев: „Еве пример, и Свети Кирил и Методиј, и Свети Наум и Климент Охридски, се решени во историската комисија, на еден старословенски, просветителски начин. Така се решени. Ние имавме завчера славење на Свети Климент Охридски и имаше многу наши извештаи, од институции, од луѓе, дека се македонските просветители, дека се донесители на македонската азбука и просветителност и слично. Тоа се кажува во делокругот на сесловенската просветителност. Ние немаме донесено во институциите, во парламентот, такви работи, затоа што не може сегашниот македонски или бугарски парламент да менува факти, кои што се факти.“
„Тоа ми беше зборот“, радосно упаѓа токму во зборот на соговорникот, Кировски.

„Така е“, продолжува Заев. „Свети Кирил и Методиј, сите знаеме, дека беа испратени на мисија во Моравија, ја донесоа глаголицата. По нив, нивните наследници, Свети Климент и Наум, ја направија кирилицата, каде што таа старословенска писменост, се создале голем број на јазици, македонскиот, бугарскиот, српскиот, хрватскиот, црногорскиот, бошњачкиот (Заев не знае дека тој јазик се именува како босански – з.м.) денеска. Сите тие јазици. Како се создавале идентитетите? Со формирањето на државите и на оформувањето на териториите, кога се создавале, 18, 19 век, и 20 век итн., итн. И тука не можете да кажете дали е прво јајцето или кокошката. Мислам, се создавале едноставно. Моите во семејството, сум ги прашувал, Македонци биле отсекогаш. Било тука српско, бугарско, турско, биле Македонци, тоа се осеќале (оставено е во оригинал, така како што се изразува премиерот – з.м.). Не заради (Заев не знае каде се става „поради“, каде „заради“ – з.м.) тоа што денеска баба ми мисли за нејзината баба. Тоа кажувала, нејзината баба ѝ кажувала дека е Македонка.“ Интересно чукунбабата на Заев, најверојатно во време кога сегашниот географски регион Македонија, уште не се викал Македонија, имала јасно профилирано македонско етничко самосознание. Сигурно и зборувала на македонски јазик.

Но, да чуеме што уште мудро глаголи Заев: „И сега тоа е така. Имало луѓе, и денеска има луѓе, кои што се Македонци, се чувствуваат како Бугари по определба. Јас тоа не ми смета (нема лекторска интервенција и тука – з.м.). Сум бил на сите тие наши сограѓани, кои што се жители на Република Северна Македонија, на отварање на Бугарскиот клуб, на…“.
Дотрчува тука задишан Кировски: „Ама не е спорно дека на Македонија не ѝ сметаат (тешко дека човек од Беломорска или од Пиринска Македонија, би го разбрал Атанаса, што тоа ѝ пресметуваат на неговата земја и што сака да каже со последниот збор, кој во ваков контекст употребен е немакедонски – з.м.). Македонија ги признава не само индивидуалните човекови права, него (уште еден прекрасен македонски збор, кој човек од откинатите од Македонија Петрич и Лерин, тешко дека ќе разбере што значи – з.м.) ги признава и колективните, малцински права. Ние ги имаме и споменато во Уставот, не само Македонците, него и Албанците како втора по големина популација, туку (ах, тука веќе го погоди зборот Атанас, од трет обид. „Трета среќа“, од „Трећа срећа“ – з.м.) и…“
„Другите етнички заедници“ се надоврзува Заев и посегнува да се напие вода од чашата пред него.

„Сите други етнички заедници. Србите, Бошњаците, Власите ги имаме спомнато. Но, од друга страна гледам дека е проблем да се…“, брза острастениот Атанас кон својата поента.
„Ромите, Турците“, вели Заев. „Ромите“, му текнува на Кировски, но брза да си ја продолжи претходната мисла, да ја искара соседна Бугарија и да ѝ укаже какво уредување таа треба да има: „Но, гледам дека е проблем за европска Бугарија, да признае колективни права“.

Гледам дека е проблем за Атанаса, да признае, оти Свети Климент Охридски ја вршел својата дејност во средновековна Бугарија, која и му ја наменила просветителската мисија. Таа, Бугарија, е државата, која ги (до)обликувала писменоста и просветата, започнати од Светите Кирил и Методиј. Како може, целото интервју да помине, а ниту еден од двајцата експери да не го спомене тоа!? Не е ли тоа, непризнавање на бугарската (средновековна) држава, на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет!? А, чукунчукунчукунбабата на Заев, ако и таа имала македонско етничко самосознание и била современичка на Свети Климента, не ја ли доживувала бугарската средновековна држава, како окупаторска, а самиот Свети Климент како соработник на окупаторот (еден вид прототип на идниот Мане Мачков), или како асимилатор, испратен од територијата на денешна Североисточна Бугарија, во реонот на тогашна Кутмичевица, денес Македонија?!
Прашања многу, а одговорот Европската унија ѝ го даде на Југославија, токму на 8 Декември, денот на Свети Климент.

ФБ пост на Виктор Канзуров, новинар и етнички бугарин во Северна Македонија

loading...

AnimeHeaven sites like animeheaven: Bleach (Dub) Episode 366

KissAnime kissanime promare: Watch My Hero Academia 2 Episode 16