Ненад Периш во солзи: Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја
Ненад Периш во солзи: Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја
Средба Ковачевски - Савада: Заинтересираност од Јапонија за инвестиции и силна поддршка за евроинтеграциите и обединета Европа
Средба Ковачевски - Савада: Заинтересираност од Јапонија за инвестиции и силна поддршка за евроинтеграциите и обединета Европа
Економскиот институт - Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18.5.2022 година со пригодна свеченост одбележа 70 години од своето постоење
Економскиот институт - Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18.5.2022 година со пригодна свеченост одбележа 70 години од своето постоење
Самит Македонија 2025: Дигитализацијата, регионалната соработка и вложувањето во иновации клучни за закрепнување на економијата
Самит Македонија 2025: Дигитализацијата, регионалната соработка и вложувањето во иновации клучни за закрепнување на економијата
Музејот „Матка“ повторно отворен за посетители - Меѓународниот ден на музеите одбележан со работилница за обновливи извори на енергија
Музејот „Матка“ повторно отворен за посетители - Меѓународниот ден на музеите одбележан со работилница за обновливи извори на енергија
Грант од 2,2 милиони евра од германската КФБ банка за Кавадарци: Градот ќе биде градилиште со месеци, но добива трајна инвестиција
Грант од 2,2 милиони евра од германската КФБ банка за Кавадарци: Градот ќе биде градилиште со месеци, но добива трајна инвестиција
САД бара ЕУ да воведе царини за руската нафта
САД бара ЕУ да воведе царини за руската нафта
МВР: Санкционирани 40 возила за јавен превоз на територија на цела држава, 16 со неисправни сопирачки
МВР: Санкционирани 40 возила за јавен превоз на територија на цела држава, 16 со неисправни сопирачки

Новинарот ветеран Ѕвездан Георгиевски во колумна раскажа од каде потекнува терминот новинарска патка, многу поучно четиво

На ова место, повеќепати е повторено едно старо новинарско правило, кое новинарите (би требало да) го учат уште на самите почетоци од своето навлегување во новинарскиот занает. А тоа отприлика гласи: „Ако ти каже мајка ти дека те сака најмногу на светот, тогаш треба да пронајдеш два независни извора што ќе го потврдат ова тврдење.“

Причината за повторното навраќање на „првиот новинарски закон“ е една вчерашна вест, која некако успеа да исплива наспроти вестите за депортацијата на Новак Ѓоковиќ и за изгласувањето на новата влада. Имено, неколку портали, по испробаниот принцип на копирање и лепење на сопствените платформи, објавија дека по кусо боледување починал дипломатот во пензија и аналитичарот Ристо Никовски. Неколку часа подоцна, веста беше демантирана, односно беше соопштено дека Ристо Никовски е – жив и здрав.

Генезата на оваа „новинарска патка“ отприлика оди вака: Ристо Никовски, во еден од порталите објавува авторска колумна. Колумната носи наслов „Колумна на Ристо Никовски: Замина уште еден голем Македонец“ (и се однесува на смртта на еден наш нашинец во Канада) и илустрирана со фотопортрет на Никовски. Колумната ја здогледува господинот Иван Петрески – Џо и, секако без да ја прочита, заклучува дека Никовски починал и „тажната“ вест ја објавува на социјалните мрежи. Некој од другите портали се фаќа за јадицата и ја објавува веста како сопствена продукција. Другите портали некритички и буквално ја преземаат.

Поголемиот број „кликови“ значи повеќе читатели, но информацијата не им се продава ним, туку медиумот ги продава своите читатели на маркетинг-огласувачите

Претпоставувам дека веста ја демантирал самиот Никовски, бидејќи е многу веројатно семејството да почнало да прима сочувство од пријателите што ја прочитале информацијата, односно многу е малку веројатно некому од новинарите да му паднало на ум да ја провери нејзината точност. Од кои причини сметале дека Иван Петрески – Џо е доволно кредибилен извор за некритичко преземање на неговите објави останува мистерија, чиј одговор им е познат само ним.

Целата приказна за македонското новинарство неверојатно потсетува на еден случај од почетокот на 19 век, кога весниците допрва почнуваат да го освојуваат светот. Во тоа време под вестите добиени само од еден извор, односно непроверени се ставала ознаката NT, кратенка од латинското non testatum (непотврдено).

Легендата вели дека овој начин на оградување од вистината прв почнал да ја практикува весникот „Kölnische Zeitung“, сакајќи да ги одвои приватните од службените вести. Во една пригода, додека уредникот диктирал некоја вест за наводен смртен случај на извесен граѓанин од Келн, на крајот издиктирал „енте“, како што впрочем се спелува NT. Секретарката запишала токму така „енте“ и така излегло во весникот. Подоцна се испоставило дека веста за наводната смрт на нивниот сограѓанин е целосно погрешна, но во новинарската традиција засекогаш остана она „енте“ како обележје за лажните и непрофесионални вести. За неупатените „die ente“ на германски значи – патка. И оттука „новинарска патка“ како заеднички именител на она што денес може да се идентификува како македонско новинарство.

На еснафот, но и на целото општество останува сериозната задача да ги детектира причините поради кои, два века подоцна, македонското новинарско мочуриште се преполни со толку многу „новинарски патки“. Се разбира дека во системот на јавното информирање, секој има право да информира и да биде информиран, особено во услови кога социјалните мрежи се главниот извор на информирање. Тоа право секако го има и Иван Петрески – Џо, меѓутоа медиумите се тука да ја преземат одговорноста околу точноста, релевантноста и важноста на пренесената информација, или барем под веста да напишат „патка“.

Проблемот е системски и главно се сведува на импотентноста во дефинирањето на јавниот интерес и улогата на медиумите, како и во неможноста да се создаде поблагопријатно опкружување за егзистенција на медиумите. Под закрилата на демократијата отворени се безброј интернет-портали и електронски медиуми. За да отворите кафеана, треба да исполните безброј услови, а за да отворите медиум само треба да имате – паметен телефон.

Во такви услови, логично е да не се разбере дека информацијата е стока како секоја друга и дека има своја цена. Како и кај секоја друга стока, поквалитетната информација чини поскапо, помалку квалитетната поевтино, а онаа „расипаната“ на крајот можете да ја добиете бесплатно.

На еснафот, но и на целото општество останува сериозната задача да ги детектира причините поради кои македонското новинарско мочуриште се преполни со толку многу „новинарски патки“

За жал, кај нас надвладеа сфаќањето дека информациите, добиени со посредство на електронските и мрежните канали, се – бесплатни. Тоа, со други зборови, значи дека е речиси неможно да се издиференцира квалитетот и кредибилитетот на медиумите. Но, значи и дека оние медиуми кои (евентуално) имаат амбиција да бидат посериозни, на крајот ќе мора да попуштат пред законитостите на неолибералниот пазар, односно да станат подеднакво неквалитетни.

Уште таму некаде во 80-тите години од минатиот век, кога на светско ниво се водеше дебата околу цената на интернет-информацијата, Хенри Лус Третиот (Henry Luce III), еден од главните луѓе на тогашниот американски неделник „Тајм“ (Time) рече дека медиумот го уредува оној што го плаќа. Ако го плаќаат читателите, тогаш медиумот се прави по нивна волја; ако го плаќа маркетингот, тогаш тој го уредува; а ако го плаќаат политичките центри на моќ, тогаш тие владеат со него.

Со оглед дека кај нас информацијата очигледно не ја плаќа читателот, на медиумите јавниот интерес и точноста на информацијата им се последна грижа. Најважно е да се постигне квантитет, да се соберат што повеќе отворања („кликови“) и на тој начин да се заработи некој денар од оние недугави интернет-реклами за средства за зголемување на потенцијата.

Поголемиот број „кликови“ значи повеќе читатели, но информацијата не им се продава ним, туку медиумот ги продава своите читатели на маркетинг-огласувачите. Така, наместо информацијата, читателите стануваат стока што се продава како вреќа компири на пазар.

Во таа смисла, никој нема да почувствува никаква одговорност што „умрел“ жив и здрав човек. Важно е само колку „кликови“ имала веста.

ИЗВОР ПРИЗМА

loading...

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

english anime ANIMEFLIX DARLING in the FRANXX (Dub)

ANIMEFLIX My Hero Academia Season 2 Episode 18

watch anime online ANIMEFLIX How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

english dubbed anime The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants

ANIMEFLIX Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Full

tải go88