Општинската организација на СДСМ – Бутел на денешната изборна Конференција, во присуство на Вангел Андрески, организациониот секретар на СДСМ, го избра новото локално раководство на партијата.
На делегатите на Конференцијата им се обрати Горан Цветкоски, претседател на ОО на СДСМ – Бутел кој рече дека силно верува дека новите членови на Извршниот одбор и на Надзорниот одбор, заедно со целокупното членство, ќе постигнат значајни резултати во зајакнувањето на транспарентноста и единството во партиските редови, но уште повеќе и во подобрувањето на животот за сите жители на Бутел преку застапување и спроведување на политиките на централната власт.
Цветкоски му се заблагодари на присуството на Андрески, како и на досегашниот претседател на ОО СДСМ – Бутел, Велимир Смилевски. Андрески истакна дека го радува присуството на многу членови на ОО СДСМ – Бутел за кои е уверен дека посветено ќе ги спроведуваат политиките на централното раководство на локално ниво. Смилевски се заблагодари за досегашната доверба од членството и упати молба сите несебично да соработува со новиот претседател и новото општинско раководство.
Новоизбраните партиски органи на на ОО на СДСМ – Бутел во целост ги отсликуваат социјалдемократските вредности преку мултиетничкиот состав и соодветната застапеност на жените, младите и пензионерите.
Честитки до нашите другари – членови на Извршниот одбор и Надзорниот одбор на ОО СДСМ -Бутел!