НСДП: Коалициските партнери да не го користат францускиот предлог за ситно политичко поентирање

НСДП студиозно и аналитично го разгледува францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и повикува на државничко однсување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот, соопштија од партијата.

-Коалициските партнери да покажат државничко однесување и ова прашање да не го користат за ситно политичко поентирање, затоа што државата и општеството се исправени пред историска одлука од која ќе зависи развојот на државата, во насока на отпочнување на процесот на преговори со ЕУ или уште неодреден број на години надвор од европскиот колосек, со неизвесност и политички премрежја, порачал претседателот на НСДП, Горан Мисовски, на средбата на владината коалиција.

НСДП исто така го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој заклучи дека „точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија“.

НСДП во текот на неделата ќе одржи седница на Извршниот одбор и ќе го соопшти ставот по финалниот „француски предлог“.

sunwin

sunwin.apk mới nhất

sunwin sunwin web sunwin apk

sunwin club sunwin web sunwin apk

sunwin apk sunwin sunwin.apk mới nhất