Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

НСДП: Резултатите од меѓународните тестови на учениците да бидат референтна точка за идниот раст на платите на наставниците

Имајќи го во предвид севкупниот економски и социјален амбиент кој произлегува од инфлаторните притисоци, НСДП има разбирање за барањата на СОНК за зголемување на платите, но цени дека понудените 10% од Владата треба да бидат прифатени од нивна страна и учениците веднаш да продолжат со редовна настава. Секое друго постапување на СОНК во однос на понуденото, ќе отвори сомнеж во јавноста, не за социјални, туку за политички мотиви за нивните ставови во однос на штрајкот во образованието.
Како социјалдемократска партија го подржуваме социјалниот дијалог и зголемувањето на платите, но воедно цениме дека треба да се уважат и реалните околности.

НСДП е на ставот дека во овие моменти не треба да се третираат само социјалните аспекти на проблемот со платите во основното и средното образование, туку треба да се оди чекор напред, да се отпочне да се бараат и резултати и да се решаваат суштинските проблеми. Образованието е од фундаментално значење за целокупното општество, за сите негови сегменти, овде лежи темелот на севкупниот развој на државата. Затоа, НСДП смета дека Владата на Република Северна Македонија во нејзините намери за воспоставување на методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор, во делот на основното и средното образование, како референтна точка да ги вклучи и резултатите кои ученици ги постигнуваат на некој од меѓународните тестови за проценки на образовни достигнувања, како што се ПИСА, ПИРЛС и ТИМСС тестовите. На овој начин, воспоставувајќи методологија на раст на платите втемелена и на објективни мерења на испорачани резултати ќе се зголеми и отпорноста на образованието кон политичките манипулации и инструментализации во делот на тоа што е прифатливо, а што неприфатливо ниво на раст на платите на наставниците.

Стихијното решавање на социјалните проблеми во образованието не претставува суштинско третирање и на проблемот кој со години наназад го разјадува македонското општество. Веднаш е потребен системски одговор и на суштинското прашање: Зошто нашите ученици кога ќе подлежат на меѓународни стандарди на проверка на нивните способности, знаења и вештини кои ги стекнале во училиштата, подучувани од наставниот кадар кој деновиве штрајкува, секогаш имаат под просечни резултати?

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

loading...

go88 play info link tải go88 go88 ơ myanmar

sunwin ăn chơi