(ВИДЕО) ПРЕД МЕСИ И РОНАЛДО, СИ БЕШЕ ЕДЕН ПИКСИ КОЈ ГИ ДОВЕДУВАШЕ ДО ЛУДИЛО БЕКОВИТЕ, ШТОПЕРИТЕ И ГОЛМАНИТЕ!
(ВИДЕО) ПРЕД МЕСИ И РОНАЛДО, СИ БЕШЕ ЕДЕН ПИКСИ КОЈ ГИ ДОВЕДУВАШЕ ДО ЛУДИЛО БЕКОВИТЕ, ШТОПЕРИТЕ И ГОЛМАНИТЕ!
СВЕТОТ ЗАСТАНУВА НА НАША СТРАНА - Мирел: За политичко решение со Бугарија, потребно е некој од ЕУ да и рече доволно е, го загадувате процесот на проширување
СВЕТОТ ЗАСТАНУВА НА НАША СТРАНА - Мирел: За политичко решение со Бугарија, потребно е некој од ЕУ да и рече доволно е, го загадувате процесот на проширување
БРАВО - ГРАД СКОПЈЕ: Во пресрет на големиот празник Рамазан Бајрам, со 3 автоцистерни и едно специјално комунално возило - ВАП извршено е миење на дворовите на поголемите исламски верски објекти во Скопје
БРАВО - ГРАД СКОПЈЕ: Во пресрет на големиот празник Рамазан Бајрам, со 3 автоцистерни и едно специјално комунално возило - ВАП извршено е миење на дворовите на поголемите исламски верски објекти во Скопје
Филипче: Сè уште не е време за свадби и концерти, луѓето нема да одржуваат дистанца
Филипче: Сè уште не е време за свадби и концерти, луѓето нема да одржуваат дистанца
(Видео) Милевска: Посетата на Заев на Брисел дојде во право време, Борел пресече дека нема одвојување Северна Македонија и Албанија
(Видео) Милевска: Посетата на Заев на Брисел дојде во право време, Борел пресече дека нема одвојување Северна Македонија и Албанија
(ВИДЕО) Заев во Шпанската конфедерација на бизнис организации: Широко ги отвораме вратите на Северна Македонија за шпанските бизнисмени како пријателска средина за странски инвестиции
(ВИДЕО) Заев во Шпанската конфедерација на бизнис организации: Широко ги отвораме вратите на Северна Македонија за шпанските бизнисмени како пријателска средина за странски инвестиции
ПО ЕДНО „ПЕЖО 3008“ ЗА ДВАЈЦА НАJДОБРИ ТИПУВАЧИ НА SPORT LIFE
ПО ЕДНО „ПЕЖО 3008“ ЗА ДВАЈЦА НАJДОБРИ ТИПУВАЧИ НА SPORT LIFE
(ВИДЕО) АПЕЛ ДО ЈАВНОСТА - ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ БИДЕТЕ ОГРАБЕНИ, ЛАЈОНЕС НА ЗОРАН ВИТАНОВ ПРОГЛАСЕНА ЗА ПИРАМИДАЛНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА И АВСТРИЈА!
(ВИДЕО) АПЕЛ ДО ЈАВНОСТА - ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ БИДЕТЕ ОГРАБЕНИ, ЛАЈОНЕС НА ЗОРАН ВИТАНОВ ПРОГЛАСЕНА ЗА ПИРАМИДАЛНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА И АВСТРИЈА!

НУКЛЕАРНА БОМБА НА МАЛЕНКО: За 10 години со пренамена се украдени над 600 милиони евра во име на спортска инфраструктура

Македонското пливање во моментов нема никакви резултати, бидејќи државата не поставува системски вредности за развој на спортот, вели во разговор за РСЕ претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија, Александар Маленко. Тој наведува дека наместо за професионален развој на пливањето, базените во земјава се претворени во дискотеки, кафулиња и ноќни клубови, а според него, во изминатата деценија за спортска инфраструктура државата потрошила пари колку за изградба на три стадиони „Сантијаго Бернабеу“.

Господине Маленко, пливањето како спорт и како култура на живеење, во какви простори и води се одвива во моментов?

Во моментов, за жал, ако разговараме во делот на врвното пливање, односно олимпиското пливање, олимписката дисциплина 10 километри маратонско пливање, како и 5,25 километри на отворени води. Доколку разговараме каков потенцијал постои моментално, можам само да кажам дека, освен трите покриени пливачки базени, тоа е базен „А1 Карпош“ при Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Олимпискиот базен кој е, за жал, под концесионер кој не ги почитува основните начела на спортот веќе 29 години и третиот Градски пливачки базен „Куманово“, кој според мене, моментално е најдобро инфраструктурно решение, но, за жал, сѐ уште го нема развиено делот на спортската култура, односно спортскиот термин за пливање – пливачи, школа за пливање, професионалци и терминот за рекреација која што е основа и право за секој граѓанин.

Охридскиот базен незавршен, а најскап во светот
Се чини дека базените се привилегија за граѓаните на Скопје. Зошто според Вас со години наназад не се реализираат предизборните ветувања на политичарите за изградба на нови базени?

Пред сѐ, во една поранешна држава постоел систем за спорт. Што сакам со тоа да кажам? Имате отворени пливачки базени, народски кажано, или ние ги викаме 50-метарски олимписки базени и имаме 25-метарски покриени зимски базени, коишто ги напоменав. Тоа стана една политичка мода во последниве седум-осум парламентарни предизборни ветувања. Периодот е од 2002 година, но би рекол веќе медиумски, за жал, покриено со лажни ветувања од било кои политички партии, но и политички функционери на државно и локално ниво, со предизборни ветувања за изградба. Многу добро се сеќаваме на 40 спортски сали, 40 базени, па имате потоа национален интерес за изградба на 50, 100 тениски терени, стадиони, базени и т.н. Ниту еден базен не е остварен, ниту една шајка не е закована, освен лопата за сликање пред медиуми. И уште едно големо, за жал, пред сѐ од јавниот, од нашиот народски буџет, на годишно ниво, со пренамена на буџет во име на спортска инфраструктура од национален интерес, последните 10 ипол – 11 години, се одземени од државата, односно украдени во име на изградба на спортска инфраструктура над 600 милиони евра. Значи, еве уште еднаш ќе повторам, над 600 милиони евра. Тоа е цифра која еве ќе ја преведам во спортски речник, три стадиони „Сантијаго Бернабеу“ или ако сакате два „Стемфорд Бриџ“. Еден базен во официјална фактурна цена е 57 илјади долари со рок на испорака и монтажа од 120 работни дена. Ние за охридскиот фамозен пливачки базен од 2013 година, денеска е 2021 година, потрошени се 5,59 милиони евра, од јавно биро за набавки имате комплетна информација, како и 1,7 милиони евра адаптација. Најскап базен во светот, никогаш неизграден, во моментална ситуација само столбови.

ВИДЕТЕ И ОВА:
Без пари и стратегија ништо од олимписки медали
Со оглед на бројот на базени кои спомнавте дека во моментов работат, тоа значи дека деца, ученици, од цела Македонија мораат да доаѓаат во Скопје за да пливаат во базен?

Во летниот период насекаде се организираат школи за пливање од комерцијална пригода која, за жал, не е никаде евидентирана, односно со никаков успех во делот на развој на пливањето и како што напоменав, уставно демократско право на секој граѓанин да се рекреира и да научи да плива, согласно европската повелба која е донесена во Европскиот Парламент и исклучиво оди под надзор на инструктори за пливање со лиценца од Пливачка федерација на Северна Македонија. Тоа, за жал, сѐ уште државата и законската институција за спорт – Агенцијата за млади и спорт, не го применува, односно не го имплементира. Значи имате летни базени и во Штип и во Струмица, Гевгелија, Кочани и т.н, коишто за жал, наместо системски да се реновираат, реконструираат и да дадат системска работа 365 дена, тоа не се прави свесно, затоа што од базените се прават дискотеки, кафулиња, ноќни клубови и сето тоа нели оди во име на спортот, преку една таканаречена школа за пливање која работи преку ден, без никаков ред и поредок.

Имате ли сознанија за пливачката инфраструктура во земјите од соседството, може ли да се направи споредба со Македонија?

Може да се направи споредба. Ние во моментот сме на ниво на Косово, а во времето на Југославија и во почетокот на независноста на Македонија сме биле дури и пред една Србија. Моментално Лесковац има повеќе отколку што има Македонија. Таа е моменталната ситуација. Јас напоменав дека се дадени 600 милиони евра, а ние сме во моментов на ниво на Косово.

Постои ли во Македонија подолгорочен концепт за тоа како да се унапреди пливањето?

Постои концепт, меѓутоа државата и да кажеме одговорните во државата, треба да ја остават работата на професионалците!

Што се случува во моментов?

Во моментов не се случува ништо. Во моментов се случува политички маркетинг на сите инволвирани лица, и од позиција на власт и од позиција на опозиција. Значи имате буџет за спортска инфраструктура, а нема никаков резултат. Имате буџет од 12 милиони евра за спорт, а имате и буџет за инфраструктура во име на спорт кој нон-стоп се пренаменува согласно потребите на која било политичка партија или групација во државата. Тоа се градежни фирми, коишто имаат договор со која било структура во Агенцијата за млади и спорт и на владино ниво, односно Владата. Сакам да кажам дека шајка немаат закачено. На пример, за последните три години во директорувањето на директорот Каевски, потрошени се над 40 милиони евра, не е изграден ниту еден објект. Пред да биде директорот Каевски три години, беше директорот Марјан Спасевски од претходната политичка гарнитура. Истата приказна во 79 милиони евра. Претходно беше претходниот директор, така што, за жал, нема систем, нема закон за спорт, нема системска вредност, нема во моментов поставеност која ќе работи согласно правила и прописи кои ги предвидува секоја олимписка спортска федерација, согласно нејзините потреби и стратегија за развој. Туку работи градежна-комерцијална офанзива во име на спортот.

Може да се каже дека бевте дел од златното време на македонското пливање од пред две ипол децении. Што е сега поразлично и зошто тешко се надминуваат рекордите од тоа време?

Јас бев прогласен за пливач на векот по шест европски медали, една светска младинска титула и во апсолутна категорија шести и деветти во свет. Во 1997 година бев прогласен за младински олимписки спортист на Балканот. Тоа време, би рекол, не само што трениравме, имавме системска работа согласно сите правила и прописи. За жал, од Олимписките игри во Атина 2004 година, последните 16 години се премина на комерцијализација и рекреација во име на врвниот спорт. Повторно ќе напоменам, заради немање на систем на работа, немање на систем на вредности, променети критериуми за врвен успех, спуштена летвичката на најниско можно ниво, ако порано била од 8 до 10, сега моментално е од 0 до 1 ипол за врвен успех. Немање на едукација, немање на желба, создавање и постигнување на врвен спортски резултат. Сѐ е буквално сведено на висока комерцијализација во име на врвен спорт. Од стручен кадар, па се до познатата флоскула „дечињата е важно да се занимаваат со спорт“. Значи, немањето на желба, немањето на срце за победа, тоа се создава буквално од самите родители, до стручниот кадар и до самиот спортист. Нормално тука е државата крива пред сѐ, заради непоставување на системски вредности преку олимписките спортски федерации и Олимпискиот комитет.

Политичка туристичка агенција во име на спорт
Каква е моментално соработката меѓу Пливачката федерација, училиштата и луѓето што ги менаџираат базените, за пливањето да биде подостапно за децата и младите?

Ние за прв пат во историјата на нашата држава, јас како претседател, управниот одбор и генералниот секретар, после година и девет месеци донесовме Национална стратегија за пливање за четри идни олимписки циклуси. Таа стратегија им ја понудивме на сите бесплатно, од пливачките клубови, стручниот кадар, државата и Олимпискиот комитет. Олимпискиот комитет и ние, навистина во делот на спортското партнерство, ги поставивме целите и ги дадовме сите насоки до сите инволвирани лица. За жал, ние немаме никаков контакт по нивна желба со Министерството за образование и наука и со Агенцијата за млади и спорт која, напоменувам, нема визија. Значи, има визија за крадење, комерцијализација во име на спорт, нема визија за спорт. Во самото име имате Агенција за млади и спорт, второстепен е спортот, второстепена е олимпијада, второстепено е светско првенство, сѐ е сведено на комерцијални патувања или едноставно, политичка туристичка агенција во име на спорт. Жалам, ама јас тоа не можам да го прифатам!

Зошто според Вас резултатите за исполнување на олимписка норма се недостижни?

Заради тоа што предмалку го кажав, да не се повторувам. Немањето на чувство и желба за постигнување на спортски резултат, заедно со комплетната спортска неукост, неписменост, немање волја за учење и немање желба за водење на тренажен процес, кој е премакотрпен, односно пет часа на ден, освен недела. Тоа е вистината.

loading...

AnimeFreak anime online: Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 107 (https://animefreak.ws/m/RkGE/ep-107)

WCOStream black clover wcostream: The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full