МВР Е СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА МАФИЈАТА - ОПЕРАТИВНАТА АКЦИЈА “ХИДРА” НА КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАТВОРИ НАД 300 КРИМИНАЛЦИ
МВР Е СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА МАФИЈАТА - ОПЕРАТИВНАТА АКЦИЈА “ХИДРА” НА КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАТВОРИ НАД 300 КРИМИНАЛЦИ
(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ ДО ЦРВЕНКОВСКИ: СИ ИЛИ НЕ СИ СДСМ?!
(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ ДО ЦРВЕНКОВСКИ: СИ ИЛИ НЕ СИ СДСМ?!
Потврден притворот за Хашим Тачи- му се заканува доживотен затвор
Потврден притворот за Хашим Тачи- му се заканува доживотен затвор
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше во активност на проектот „Волонтираме за солидарно општество“
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше во активност на проектот „Волонтираме за солидарно општество“
Милевски: Преку проектот за прекугранична соработка со Грција обезбедивме ново возило за питка вода во Битола, Новаци и Могила
Милевски: Преку проектот за прекугранична соработка со Грција обезбедивме ново возило за питка вода во Битола, Новаци и Могила
БРАВО - Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД
БРАВО - Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД
ВЛАДА: Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција во јавноста соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст
ВЛАДА: Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција во јавноста соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст
(ВИДЕО) БРАВО - Традиционалната литија во Струга ќе се одвива под посебен протокол
(ВИДЕО) БРАВО - Традиционалната литија во Струга ќе се одвива под посебен протокол

НУКЛЕАРНА БОМБА НА ПЕНДАРОВСКИ: Од „Фајзер“ пред Нова година ни рекоа дека во моментот не разговараат со држави со помалку од два милиона жители!

Ковакс механизмот за жал, затоа што веројатно е гломазен и затоа што има околу 180 земји партиципиенти, потфрли. Со европскиот солидарен фонд се случи истата работа. Во овој момент, да не се сфати како оправдување за нашите власти, не постои европска држава, ниту една членка на Европската Унија (ЕУ) во која граѓаните се доминантно задоволни од тоа како тече процесот на вакцинација, истакна во вечерашното интервју на ТВ21, претседателот Стево Пендаровски.

Тој повтори дека има три начини да се дојде до вакцини во изминатиот период, во која било држава тоа се тие, како што појасни, Ковакс механизам, кој е глобален, практично во позадина е Светската здравствена организација (СЗО), која ги собира сите апликанти, и таму се пријавувате и кажувате колку сте подготвен за одредена диструбуција кога ќе дојде моментот за тоа, понатаму Европската Унија преку таканаречениот солидарен фонд, и третиот начин е билатерално, директно како држава да комуницирате со производителите или дистрибутерите.

– Можам да споделам со вас една коресподенција која јас и еден од надлежните министри ја имавме со една од најголемите компании, можеби најголема во моментот „Фајзер”, пред Нова година, кога директно се обративме до седиштето во Бостон, и беше речено, не прашаа која е големината на потенцијалниот пазар, потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме се на се, по старите пописи два малиона луѓе, од тоа сме толку малолетни, толку полнолетни, како оди сега во делот на таа вакцина конкретно и разговорот брзо заврши, бидејќи рекоа во овој момент имаме неверојатна навалица од огромни држави со милијарди луѓе потенцијални купувачи и консументи, така што деловната политика на фирмата во тој момент, не е да разговара со држави кои имаат помалку од два милиони жители, образложи Пендаровски.

Тој потенцира дека мора да се каже оти на малите држави оваа криза и на почетокот и на крајот се скрши најмногу, бидејќи богатите многу побрзо и многу полесно дојдоа до вакцина.

На новинарското прашање дали освен со „Фајзер” се побарале помош со комуниција по одредени дипломатски канали, Пендаровски рече дека побарале и оти не би сакал да ги набројува неговите колеги, бидејќи тие ќе имаат проблеми со нивната јавност.

– Јас разговарав со осум претседатели на земји членки на ЕУ и од сите ми беше предочена таа иста реченица – „ние баравме, точно првата квота требаше да биде 100.000 дози, добивме 20.000, не можеме на ниту еден начин на нашето јавно мислење да му објасниме дека треба да извезуваме било каде. Тие велат прво нашите граѓани па се друго, и во ЕУ, не постои земја членка која е блиску Израел. Нема ни блиску Србија, а камо ли Израел и како да извезуваме. Јавното мислење беше против тоа. Факт е дека се јавувавме секаде каде што можевме. И по служби, и по држави и по поранешни дипломати и по сегашни дипломати, надвор од она што е на власт некаде, тие што ги знаеме наназад 20-30 години, зависи кој колку е возрасен и колку има видено и чуено во животот. Во еден момент, преку некои наши извори во странство добивме информација дека нашиот единствен жив нобеловец Ферид Мурат е во бордот на „Фајзер”, дојдовме до него, разговаравме и со него да помогне некако и тој нè упати се разбира до првите луѓе таму, истакна Пендаровски.

Тој нагласи дека неговото сознание за државите кои се најуспешни или прилично успешни општо во светот е дека практично сите тие ги користеле и тие „приватни релации”.

Во однос на текстовите и документите што ги објави „Ла верита”, претседателот посочи дека неговата координација со премиерот, надлежните министри и со министерот за здравство, но и со оние за европски прашања или за надворешни работи, кои имаат комуникација со надворешни субјекти или меѓународни субјекти во делот на „дај да помогнеме да најдеме вакцини” во изминатиtе два-три месеци, се сведува само на координација на кој каде може и каква информација добил од некаде, од странски држави, меѓутоа не и во делот на конкретната документација која е праќана и до кого е праќана.

– Значи се што знам, знам од тоа што весникот го објавува и има мала дилема околу кредибилноста на весникот. Mоже сум грешка, меѓутоа не би одел кон тоа, значи секој медиум или социјална мрежа кога објавува нешто треба со должно внимание да го претресеме тоа прашање до детали, зошто не можеме да кажеме ти не си кредибилен и овие другите само ќе ги слушаме. „Ла верита” треба да се провери до крај и при тоа, плус од тоа што тие го објавуваат денеска во второто продолжение, а објавуваат и документи од таа коресподенција, со некои кинески компании, односно компании од Хонг Конг и со кинеските официјални институции, Министерство за надворешни работи и плус имаме информација денеска од министерот за здравство кој кажува зошто тоа е направено, откако им било предочено од кинеското МНР дека тоа не е патот кој треба да се оди, тие се враќаат назад и го враќаат тој капар, рече Пендаровски.

loading...

AnimeDao death note animedao: Watch Wonder Egg Priority Episode 2 (https://animedao.nl/m/POro/ep-2)

WCOStream wcostream one piece: TONIKAWA: Over the Moon For You (https://wcostream.cc/m/nzN1) Episode 12