– Се спрема законот, гледам јавноста реагира позитивно, ќе се декриминализира користењето на марихуаната, со тоа ќе се зголемат приходите од секторот ресторантски услуги и туризам, очекувам големи ефекти врз економијата од тој чекор.
Зоран Заев ја изненади јавноста со идеја за која подолго време се борат неколку невладини групи и активисти. Инаку ова е и светски тренд, веќе во неколку држави во Америка, речиси во половината е легално користењето на марихуната, во дел само за медицински цели а во дел и комплетно е легално.