НУКЛЕАРНА БОМБА ВО СУДНИЦА НА ЗЕТОТ НА КАМЧЕВ: ФИРМАТА ПРЕКУ КОЈА ГРУЕВСКИ ГИ ПРЕФРЛАШЕ ПЛАЦЕВИТЕ ПОСЕДУВА ЦЕЛА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ!!!

Архитектот Мето Стојчевски, сопственик на фирмата „Гема“, но и зет за сестра на бизнисменот Орце Камчев, денеска се појави како сведок на рочиштето „Плацевите на Водно“. Тој на минатото рочиште беше посочен од Камчев, како човек кој чувал три стана за Никола Груевски во комплексот „Панорама“ на Водно.

На прашањето на обвинителката, Лиле Стефанова, дали некогаш ги запознал Никола Груевски и Сашо Мијалков, тој рече дека Груевски го познава од времето кога станал премиер, а со Мијалков се знаеле оддамна, како што рече, се дружеле од деца.

На прашањето пак дали му е позната фирмата „СС Инвесмент ДООЕЛ“ и кој е основач, Стојчевски рече:

-Оваа фирма постои од 2009 година, беше фирма на мој пријател. Заедно правевме згради, партнер во проектирањето и градењето. Во 2015-2016 година, Мијалков ме праша дали имам слободна фирма. По еден месец, влегов во таа фирма и му кажав на Мијалков. Ме праша дали може да се искористи за да и се префрли имот. Не ми кажуваше чив е имотот, а бидејќи инсистирав, потоа ми рече дека е за имот на Груевски, ама дека не е важно и дека може и да не излезе ништо., истакна сведокот.

Тој рече дека од разговорот поминале месеци и летото 2016 година му се јавил Камчев и му рекол треба на оваа фирма треба да се префрли удел од комплексот Панорама.

-Поминаа години, со никого не сум зборувал на оваа тема. Во 2017-18 година пак го прашав Мијалков, но не ми објасни ништо. Во 2020 година, кога заврши градбата на Панорама, ми се јави Камчев и ми рече дека треба да се купат уделите од Панорама, а со парите ми рече ќе купиш станови. Тогаш „СС Инвесмент“ се стекна со три стана и неколку гаражни места, истакна сведокот.

Тој дополни дека истата фирма во сопственост има и една зграда.

-Фирмата беше чиста и наменета за префрлање на уделот кој беше замолено да го префрлам. Има сопственост и уште една зграда во центарот во Скопје. Не се чувствувам како сопственик на имотот, истакна Стојчевски.

Тој појасни дека становите се лоцирани во Панорама, еден е на сутерен, а другите два стана се на поткровје.

-Клучевите треба да се во чуварата на Панорама, зошто не се предадени, тие станови не се мои, рече сведокот.

Тој дополни дека на хартија тој е сопственик на фирмата, но имотот не е негов.

-Толку, рече Стојчевски.

На минатото рочиште пак Камчев сведочеше дека овие станови се чувале за Груевски, во замената за плацевите на Водно.