ПЕТЛИЧКОВСКИ ЗА ТВ 24: ВАКЦИНИТЕ СЕ ОДЛИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА, ЗОШТО НАРОДОТ НЕ ГИ ПРИФАЌА - НЕ МИ Е ЈАСНО!
ПЕТЛИЧКОВСКИ ЗА ТВ 24: ВАКЦИНИТЕ СЕ ОДЛИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА, ЗОШТО НАРОДОТ НЕ ГИ ПРИФАЌА - НЕ МИ Е ЈАСНО!
АКО Е ОВА ПРОБЛЕМОТ, ТОГАШ СМЕ СЕ РАСПРАВАЛЕ ЗА СИТНА БОРАНИЈА - Називот „бугарски“ пред терминот „фашистички окупатор“ ќе се брише и од учебниците по историја?
АКО Е ОВА ПРОБЛЕМОТ, ТОГАШ СМЕ СЕ РАСПРАВАЛЕ ЗА СИТНА БОРАНИЈА - Називот „бугарски“ пред терминот „фашистички окупатор“ ќе се брише и од учебниците по историја?
НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ - Заев: Законот за јазиците нема да се менува во зависност од резултатите од пописот
НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ - Заев: Законот за јазиците нема да се менува во зависност од резултатите од пописот
Кога сте подготвени за купување на вашиот прв нов дом
Кога сте подготвени за купување на вашиот прв нов дом
СВАРОВСКИ СУДСТВОТО ГО ШТИТИ МОЌНИКОТ ОД КИЧЕВО - СО МЕСЕЦИ СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА МИЛОШОСКИ ЗАКОЧЕН НИКАКО ДА ПОЧНЕ!!!
СВАРОВСКИ СУДСТВОТО ГО ШТИТИ МОЌНИКОТ ОД КИЧЕВО - СО МЕСЕЦИ СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА МИЛОШОСКИ ЗАКОЧЕН НИКАКО ДА ПОЧНЕ!!!
ШИЛЕГОВ: Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници
ШИЛЕГОВ: Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници
(ВИДЕО) ОХРИД Е ДОМАЌИН НА ГОЛЕМА НАТО ВЕЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ ПРИ ЦИВИЛНИ КАТАСТРОФИ: Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји и е прва НАТО вежба во Република Северна Македонија од ваков размер

ШИЛЕГОВ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

О ГОСПОДЕ БОЖЕ ШТО ЌЕ СЕ ПРАВИ СО ОВОЈ НАРОД – Д-р. Стевановиќ: На Клиника имавме случај пациент да почине, а неговото семејство уште не верува дека ковид-19 постои

Директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, вчера во своето гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма, рече меѓу другото дека лекарите постојано им укажуваат на граѓаните дека мора да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, но за жал, многумина се уште веруваат во теории на заговор.

„Ние имаме континуирни појавувања по медиумите во сите овие изминати денови, или лични објави, бидејќи има лекари кои контиуирано на своите лични профили објавуваат едукативни пораки, кои се некомплицирани, едноставни, практични. И навистина, досега во овие седум месеци, ваков континуитет, не верувам дека станува збор за неинформираност. Кој на што ќе одлучи да верува, исто така не можете да влијаете“, рече Стевановиќ.

Таа откри еден интересен случај кој го имале на Инфективната клиника.

„Ние само пред неколку дена имавме случај кога еден член од семејство починува во болница, а другите членови на неговото семејство и понатаму не веруваат дека е тоа ковид-19 и дека е тоа нешто за што не се водело грижа и внимание“, рече Стевановиќ.

Таа смета дека веројатно секогаш ќе има извесен број на популација која нема да верува дека вирусот постои и на кои полесно ќе им биде да веруваат во заговори и да го негираат она што го кажуваат здравствените власти и професионалците.

„Навистина не гледам како ние тука би делувале. Кога поголемиот дел од луѓето ќе сакаат да веруваат, но и да го почитуваат и да го спроведуваат она што го кажуваме, ќе бидеме добро“, објаснува директорката на Инфективна.

Во моментов, како што информираше, на Инфективната клиника има 95 хоспитализирани пациенти, што е близу до максималниот капацитет на клиниката.

„Во последниве денови приемот е од 13 до 14 пациенти. Се разбира, континуирано се испишуваат пациенти кои се оздравени, но сега во овој нареден период тоа нема да биде така интензивно, така што таа динамика колку што сме примиле толку и да испишеме нема да можеме да ја следиме секој ден, со самото тоа што ќе има прием на нови пациенти, па нивниот третман ќе изискува повеќе време, што значи дека за многу краток период капацитетитот на клиниката секако ќе биде комплетно пополнети. Но, подготвена е и модуларната болница комплетно за прием на нови пациенти. Таму во моментов нема пациенти, бидејќи уште постојат капацитетите на клиниката“, објасни Стевановиќ.

loading...