ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА

Објавени првите огласи од Оперативниот план за вработување – еве ги деталите

Агенцијата за вработување ги објави првите јавни огласи за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Невработените лица и работодавачите од денес ќе можат да аплицираат за мерките – Самовработување, Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти.

Од Агенцијата за вработување информираат дека за мерката Самовработување поради големиот интерес обезбедени се финансиски средства за отворање на сопствен бизнис за 2000 лица. Финансиската поддршка за едно лице да отвори сопствен бизнис изнесува 307.500 денари или до 615.000 денари доколку двајца сопружници основаат компанија.

Преку мерката Практиканство, 1620 млади лица до 34 години ќе имаат можност да се вклучат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења на одредено работно место. Лицата ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход за период до три месеци.

– Мерката Вработување и раст на правни субјекти пак овозможува работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места. Мерката ќе опфати 262 невработени лица евидентирани во АВРСМ од следните целни групи: млади лица до 29 години, корисници на гарантиранa минимална помош, невработени лица кои ги изгубиле своите работни места по појава на панадемијата КОВИД-19 и Роми, појаснуваат од Агенцијата за вработување.

За овие мерки може да се аплицира во 30-те центри за вработување. За мерката Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти постои можност за електронска апликација преку системот е- Работа, достапен на веб- страната на Агенцијата за вработување www.av.gov.mk.

За реализација на Оперативниот план за вработување за 2022 година предвидени се 1,8 милијарди денари, а се очекува да бидат опфатени околу 15.000 невработени лица.

loading...

https://go88.gg/

sunwin asia live chat sunwin sunwin khuyen mai