Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања

Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите на автопатот „Струма“

Екипа од шест истражители од бугарската национална истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 граѓани на Република Северна Македонија.
Ова за „24 Часа“ го соопшти Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се должи на меѓународниот аспект на случајот, при што обвинителите од Меѓународниот оддел при Врховното обвинителство на Бугарија дале целосна помош и координација во врска со испраќањето барање за правна помош.

Во рамките на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи. Во оваа насока, главниот обвинител од Бугарија Иван Гешев ќе испрати до Скопје обвинител и истражител од тимот, кои ќе го достават барањето за правна помош до Обвинителството на Република Северна Македонија. Со оглед на брзината и ефикасноста, тимот лично ќе ги добие потребните документи, додаде Милева.

За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува, додаде таа. Веќе е создадена потребната организација за брза и ефективна истрага, има поделба на работата по посебни ресори.

Главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев е во постојана комуникација со главниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. Обвинителството на Република Бугарија работи на утврдување на причините за тешката несреќа, како и на брзо идентификување на телата на загинатите македонските државјани.

loading...