МОЌНО ВИДЕО КОЕ ЈА НАЕЖУВА КОЖАТА - Визија. Решителност. Победа. 30 години СДСМ со граѓаните!
МОЌНО ВИДЕО КОЕ ЈА НАЕЖУВА КОЖАТА - Визија. Решителност. Победа. 30 години СДСМ со граѓаните!
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство

Од 33-та седница на Владата: Усвоен анексот на договор со ТАВ за активирање на средствата наменети за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини; Пензиите ќе се исплаќаат од 28-ми декември; Утврден текстот на Законот за основање на државната комисија за одлучување во управна постапка

Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа редовната 33-та седница на која е утврден текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ, со кој практично е ставена во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид.

На седницата што се одржа вечерва Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец декември 2020 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.12.2020 година за да се обезбеди пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.12.2020 година.

Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 29.12.2020 година (вторник);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.12.2020 година (среда), и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток).

На оваа своја седница Владата го утврди и го достави на усвојување во Собранието текстот на Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, со кои се гарантира правото на жалба во областа на управна постапка и постапка од работен однос и правото на жалба во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Основна цел на предложените дополнувања е поедноставување на системот на одлучување по жалби, преку намалување на институциите кои одлучуваат по жалби, со поедноставена административна постапка, преку унапредување на организацијата на работата на Комисијата, со одлучување во совети во жалбените постапки.

loading...

AnimeDao animedao overlord: Jujutsu Kaisen (TV) Episode 24

ANIMEFLIX watch anime free: Watch Umibe no Étranger Episode Full (https://animeflix.nl/m/DvVp/ep-1)