ЗА СИТЕ ВЕРНИЦИ АНТИВАКСЕРИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА ГОСПОД ЌЕ ГИ СПАСИ: ЕВЕ ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА ЛЕКАРИТЕ И МЕДИЦИНАТА
ЗА СИТЕ ВЕРНИЦИ АНТИВАКСЕРИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА ГОСПОД ЌЕ ГИ СПАСИ: ЕВЕ ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА ЛЕКАРИТЕ И МЕДИЦИНАТА
(ВИДЕО) ГОВОРНИЧКА НА ПРОТЕСТОТ НА АНТИВАКСЕРИТЕ: ОВИЕ ОД ТЕРАСИТЕ ШТО НЕ ГЛЕДААТ НЕ МИСЛАТ ДЕКА СМЕ ЛУДАЦИ, НИЕ НЕ СМЕ ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ, НИЕ СМЕ ПРОТИВ ВЛАСТА?!?!
(ВИДЕО) ГОВОРНИЧКА НА ПРОТЕСТОТ НА АНТИВАКСЕРИТЕ: ОВИЕ ОД ТЕРАСИТЕ ШТО НЕ ГЛЕДААТ НЕ МИСЛАТ ДЕКА СМЕ ЛУДАЦИ, НИЕ НЕ СМЕ ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ, НИЕ СМЕ ПРОТИВ ВЛАСТА?!?!
(ВИДЕО) РАЗДОР ВО ДЕСНИЦАТА - АНТИВАКСЕРИТЕ МУ СЕ НАЛУТИЈА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР!
(ВИДЕО) РАЗДОР ВО ДЕСНИЦАТА - АНТИВАКСЕРИТЕ МУ СЕ НАЛУТИЈА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР!
ОД БИХАЧКА РАСПАЛИЈА СО ТЕШКА МУНИНИЦИЈА ПО ВМРОВЦИТЕ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
ОД БИХАЧКА РАСПАЛИЈА СО ТЕШКА МУНИНИЦИЈА ПО ВМРОВЦИТЕ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
ШОКАНТНА КОЛУМНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНУ, КОЦАРЕВ: АМЕРИКА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ЕУ НЕ НИ ТРЕБА, ДОГОВОРИТЕ ОД ПРЕСПА И СО БУГАРИЈА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ БАЛКАНОТ, ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ПОЛИТИКАТА НА ТИТО СО НЕВРЗАНИТЕ?!?!?!
ШОКАНТНА КОЛУМНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНУ, КОЦАРЕВ: АМЕРИКА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, ЕУ НЕ НИ ТРЕБА, ДОГОВОРИТЕ ОД ПРЕСПА И СО БУГАРИЈА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ БАЛКАНОТ, ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ПОЛИТИКАТА НА ТИТО СО НЕВРЗАНИТЕ?!?!?!
СДСМ ГО УДРИ ВМРО МЕЃУ РОГОВИ: Николов да каже какво здравство ќе имавме за 600 милиони евра колку што е Скопје 2014
СДСМ ГО УДРИ ВМРО МЕЃУ РОГОВИ: Николов да каже какво здравство ќе имавме за 600 милиони евра колку што е Скопје 2014
ВАЉОН САЛИХУ: Скопјани паметат и кој го делеше и уназадуваше Скопје, а кој го спојува и рамномерно развива
ВАЉОН САЛИХУ: Скопјани паметат и кој го делеше и уназадуваше Скопје, а кој го спојува и рамномерно развива
КУНГ-ФУ ПРЕСМЕТКА НА СЕМАФОРИ ВО КИСЕЛА ВОДА Двајца возачи со тупаници ја делеа правдата, настрада и една жена
КУНГ-ФУ ПРЕСМЕТКА НА СЕМАФОРИ ВО КИСЕЛА ВОДА Двајца возачи со тупаници ја делеа правдата, настрада и една жена

Од 65-та седница на Владата: Се ограничува колку министрите можат да трошат по кафани, со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од КОВИД-19; Одобрено решението за конечна деконтаминација на линданот во ОХИС, нов надзорен одбор на МИА директорот Драган Антоновски доби нов мандат,

Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.

Со предложените измени се уредува и начин на вршење на здравствена дејност од страна на приватните здравствени установи при утврдено постоење на кризна состојба заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест, а на Владата и се овозможува законско овластување да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за да се овозможи овие услуги да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.

Со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземањето на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита ќе бидат испратени на усвојување во Собранието по скратена постапка, а во нив се предвидени и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.

На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на денешната седница Владата ја утврди Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, со која се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година и донесе заклучок оваа предлог одлука да ја достави до Собранието.

На оваа своја седница Владата ја донесе Одлуката за одобрување на 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година од програмите за ковид мерките за спортските федерации на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт, со што се создаваат услови за непречено спроведување на нивните активности и во овие вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција и го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Национални енергетски ресурси АД Скопје, официјално да се обрати до Европската банка за обнова и развој со барање за обезбедување на средства за финансирање на овој проект.

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата денеска го утврди текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта. Преку оваа измена се гарантира стабилност на работниот однос на наставниците, се подобруваат можностите за професионален и кариерен развој и се воведуваат нови можности за стручните соработници.

Владата денеска ја утврди и содржината на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование од кој се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното. Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината со цел спречување на влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристапот на учебници за лицата со оштетен вид.

На денешната седница се донесе Решение за одобрување на план за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и со заклучок на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено да донесе Решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на АД „ОХИС“-Скопје.

Ова решение на Министерството за животна средина и просторно планирање следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН го информираше Министерството дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје.

Владата на оваа седница ја донесе Одлуката за начинот на користење на средства за репрезентација во министерствата и другите органи на државната управа со која се утврдува начинот на користење на средства за репрезентација во министерствата, другите органи на државната управа и правните лица основани од Владата. Одлуката претставува акт кој содржи унифицирани правила за сите институции основани од Владата за начинот на користење на средствата за репрезентација, што до сега не било пракса и секоја институција со интерен акт на свој начин го уредувале начинот и постапката за користење на средствата за репрезентација.

Во одлуката е предвидено дека во случај на непочитување на одредбите на оваа одлука против раководителите опфатени со неа може да се применуваат една од утврдените мерки во член 23 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Владата денеска го прифати предлогот на Комисија за именување за членови на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција” да бидат избрани Александра Мицоска-Митевска, Лилјана Капевска, Мери Илиќ, Ардиан Исеини и Татјана Поповска и донесе заклучок да му препорача на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”, да ги реизбере Драган Антоновски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор и Хаљит Ајдини за член на Управниот одбор и за заменик на генералниот директор.

loading...

Website https://gogoanime.be: Watch Shakugan no Shana-tan gogoanime Episode 4 a silent voice gogoanime

Strawberry 100% (https://kissanime.mx/m/kAD) Episode 12

Watch Elfen Lied (Dub) Episode 13

Website https://4anime.biz: Watch Nadia: Secret of Blue Water (Dub) 4anime Episode 39 persona 4 the animation funimation

V: https://v.gd/ir0JQi

Vnxf: https://vnxf.vn/members/animefreakws.28123/#about