(ВИДЕО) ПРИКАЗНАТА ЗА ТОА КАКО СЕ СОЗДАДЕ ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ТВ СЕРИИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА
(ВИДЕО) ПРИКАЗНАТА ЗА ТОА КАКО СЕ СОЗДАДЕ ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ТВ СЕРИИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА
ЕВЕ ЗОШТО БОРЧЕ ПАК ЌЕ ПОБЕДИ ВО ГАЗИ БАБА ВО ПРВ КРУГ - ЗА 4 ГОДИНИ ИЗГРАДИ ПОВЕЌЕ ВОДОВОД, КАНАЛИЗАЦИЈА, УЛИЦИ, ШКОЛИ, ГРАДИНКИ, ПАРКОВИ, СПОРТСКИ ТЕРЕНИ КОЛКУ НЕ Е ИЗГРАДЕНО ВО ОПШТИНАТА ОД 1945-ТА ПА НАВАМУ!
ЕВЕ ЗОШТО БОРЧЕ ПАК ЌЕ ПОБЕДИ ВО ГАЗИ БАБА ВО ПРВ КРУГ - ЗА 4 ГОДИНИ ИЗГРАДИ ПОВЕЌЕ ВОДОВОД, КАНАЛИЗАЦИЈА, УЛИЦИ, ШКОЛИ, ГРАДИНКИ, ПАРКОВИ, СПОРТСКИ ТЕРЕНИ КОЛКУ НЕ Е ИЗГРАДЕНО ВО ОПШТИНАТА ОД 1945-ТА ПА НАВАМУ!
БЕСПЛАТНО КИНО НА ОТВОРЕНО ВО ГАЗИ БАБА
БЕСПЛАТНО КИНО НА ОТВОРЕНО ВО ГАЗИ БАБА
Заев: Со Бугарија ќе продолжиме да бараме европско решение за двојна победа
Заев: Со Бугарија ќе продолжиме да бараме европско решение за двојна победа
РЕМЕТ НА ГОДИНАТА - Маричиќ: Добро е што имаме попишувачи и од Левица
РЕМЕТ НА ГОДИНАТА - Маричиќ: Добро е што имаме попишувачи и од Левица
СЕЛА И ТАРАВАРИ СЕ ПРЕТЕРАА: Двајца приведени демонстранти, четворица повредени полицајци на протестот во Тетово
СЕЛА И ТАРАВАРИ СЕ ПРЕТЕРАА: Двајца приведени демонстранти, четворица повредени полицајци на протестот во Тетово
(ВИДЕО) ИСУСЕ ХРИСТЕ - На денешните протести тетовец тргна да удри полицаец со цигла
(ВИДЕО) ИСУСЕ ХРИСТЕ - На денешните протести тетовец тргна да удри полицаец со цигла
Заев: Модуларните болници се истиот тип како и насекаде во светот
Заев: Модуларните болници се истиот тип како и насекаде во светот

Од 71-та седница на Владата: Почнува процесот за легализација на канабисот за лична и медицинска употреба, итна одлука за детални проверки на сите објавени и необјавени информации за случајот „увоз на нафтени деривати”; Владата ќе ја продолжи јавната дебата за Законот за легализација на бесправно изградените градби, ќе се земат предвид сите забелешки за да се изнајде најквалитетно решение; Активните мерки за ограничување на движењето поради КОВИД-19 се продолжени до 1 јуни

Владата на Република Северна Македонија на денешната 71-ва седница дискутираше и ја оцени како вонредна и итна информацијата објавена во јавноста од страна на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и како што објави ИРЛ се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава.

Владата со загриженост и внимателност им пристапи на изнесените информации и ја потврди силната и одлучна заложба дека нема да има компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина. Со цел расчистување на сите прашања, дилеми и сомнежи изнесени во јавноста, Владата, на предлог на заменикот-претседател во Владата задолжен за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси заклучи дека се неопходни брзи, темелни и детални проверки на сите објавени и необјавени информации за случајот во согласност со надлежностите на секоја од институциите за увоз, трговија и контрола.

Владата ја задолжи Царинската управа да спроведе внатрешна контрола за конкретниот случај, односно да се испита колкави количини од наведените нафтени деривати се увезени од 2018 до 2020 година и под која царинска шифра е извршен увозот и дали податоците во декларациите соодветствуваат со дериватот што е увезен.

Државен пазарен инспекторат, во соработка со Бирото за стандардизација и метрологија и со помош на акредитираната мобилна лабораторија за проверка на квалитетот на нафтените деривати веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во компаниите што увезуваат, како и во институциите што користат вакви горива.

Владата го задолжи и Државниот инспекторат за животна средина да спроведе вонреден инспекциски надзор во компаниите увозници и корисници на мазут и на други нафтени деривати.

Како заклучок за оваа точка е и задолжението за Министерството за економија да се побара што точно се испитува при увоз согласно Правилникот за квалитет на течни горива и дали одредбите од Правилникот се применуваат согласно европските стандарди.

Како последен заклучок Владата наложи сите институции опфатени со овие задолженија контролите да ги направат веднаш, а информациите да бидат доставени во рок од 14 дена.

Владата редовно ќе ја информира јавноста за сите нови информации поврзани со увозот на нафтените деривати за кои беа изнесени сомневања.

На оваа своја седница Владата ја отвори дебатата за утврдување насоки во врска со Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби кој е вратен во Собранието по одлуката на Претседателот на државата Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

Во широката и темелна дебата беше истакнато дека согласно законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа со засегнатите страни, како и консултации со пратеничките групи во Собранието и со претседателите на Парламентот и државата за да се дојде до најдобро законско решение.

Во таа насока ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните.

На денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Владата денеска го задолжи Генералниот секретаријат да го објави јавниот повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.

Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители и гости.

Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход, а дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година.

Рокот за поднесување на пријавите за овој јавен повик е 1 јуни 2021 година.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”, составена од институции, здруженија и граѓански организации, а врз основа на доставените барања и предлози од различните чинители до Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

За координатор на работната група е назначен Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, а во неа ќе членуваат и ќе добијат покана за учество следниве институции и чинители:

– Претставник од кабинетот на премиерот;

– Претставник од Министерство за здравство;

– Претставник од Министерство за правда;

– Претставник од Министерство за внатрешни работи;

– Претставник од Здружение на токсиколози;

– Претставник од Здружение на педијатри;

– Претставник од Здружение на онколози;

– Претставник од Здружение на млади фармацевти;

– Претставник од Здружение на млади кривичари;

– Претставник од Хелсиншки комитет за човекови права;

– Претставник од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје;

– Претставник од Коалиција маргини;

– Претставник од здружение Операција Ослободување;

– Претставник од Здружение за канабис и зелени политики Билка;

– Претставник од НВО коалиција Канабис институт Пелагонија;

– Претставник од Национален младински совет на Македонија;

– Претставник од Мак канабис, здружение на производителите на медицински канабис;

Мандатот на работната група ги опфаќа следните прашања поврзани со регулација на производство и употреба на билката канабис:

– Декриминализација и легализација на поседување и лична употреба;

– Декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба;

– Разгледување можности за основање и работење на социјални клубови;

– Зголемување на бројот на здравствени состојби за кои можат да се користи канабис;

– Дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат препарати од канабис и можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба (орално, преку инхалација или преку супозитории);

– Основање на Агенција за канабис;

– Формирање Фонд од давачките/даноците кои компаниите кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат кон државата, со цел поддршка на проекти од општествен интерес во сферата на лекување на ретки болести, медиуми, медиумски работници и продукција на домашни медиумски содржини, граѓанското општество, културата и спортот, како и за поддршка на работата на Агенцијата за канабис.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и ја задолжи да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци.

Оваа одлука е донесена врз основа на карактеристиките на сите разгледани можни начини за набавка на моторни возила, обврските кои произлегуваат од нив, како и од аспект на искуствената примена на оперативниот лизинг досега, и согласно сите сознанија, Владата го прифати мислењето на СОЗР дека најдобра опција е да се спроведе повеќегодишна јавна набавка на моторни возила по пат на оперативен лизинг заради помалите финансиски оптеретувања.

На оваа седница Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновски универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Република Северна Македонија.

Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за утврдената фактичка состојба од извршениот преглед и контрола на проекти избрани на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес од областа на фолклорот, музичката и музичко – сценската дејност и интердисциплинарните проекти за 2020 година и го задолжи Министерството за култура да изврши исплата на средствата за овие проекти во вкупен износ од 29.519.658,00 денари и тоа на оние корисници кои согласно извршената контрола и проверка имаат доставено комплетна документација и доказ за реализиран проект.

Министерството за култура во законски уредена постапка и по спроведен инспекциски надзор од страна на Секторот за управен и инспекциски надзор при министерството ќе ги раскине договорите со оние корисници кои согласно извршената контрола и проверка немаат доставено комплетна документација и доказ за реализиран проект и ќе бара враќање на уплатените средства.

Во рок од пет дена од денот на усвојувањето на оваа информација, Министерството за култура ќе ги информира: Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција и Управата за финансиска полиција со цел, согласно своите надлежности утврдени со Закон, да извршат контрола на работењето на Министерството за култура во делот на законската основаност на склучените договори и анекси на договори на 24.7.2020 година.

На предлог на Комисија за именување Владата ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија.

Анета Симеска Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии. Има 28 годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието.

Владата на Република Северна Македонија ќе му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за заменик на директорот на Агенцијата за администрација да го именува Агрон Сефери, а на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, му препорача за вршител на должност заменик на директорот, да биде реизбран Самка Ибраимоски.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.05.2021 година, за да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.05.2021 година.

Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.05.2021 година (среда);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.05.2021 година (четврток);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.05.2021 година (петок); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).

loading...

Website https://animetv.cc: Watch Briar-Rose or The Sleeping Beauty animetv Episode Full watch anime free

Website https://aniwatch.pro: Watch Touhou Gensou Mangekyou: The Memories of Phantasm aniwatch Episode 14 dubbed anime

Website https://gogoanime.be: Watch Mission School gogoanime Episode Full gogoanime pokemon

WCOStream: Pokémon the Series: Sun & Moon anime episode 146 online free at https://wcostream.cc wcostream we bare bears

Devpost: https://devpost.com/gogoanimebe

Zoimas: https://www.zoimas.com/profile/animefreakws/about