НУКЛАРНА БОМБА НА МАКТЕЛ: ДАНЕЛА И ГРУЈО СЕ БЛИСКИ И НЕРАЗДЕЛНИ ОД ДЕТСТВО, ЖИВЕЕЛЕ СТАН ДО СТАН ВО ЗГРАДА ВО ЃОРЧЕ!
НУКЛАРНА БОМБА НА МАКТЕЛ: ДАНЕЛА И ГРУЈО СЕ БЛИСКИ И НЕРАЗДЕЛНИ ОД ДЕТСТВО, ЖИВЕЕЛЕ СТАН ДО СТАН ВО ЗГРАДА ВО ЃОРЧЕ!
(ВИДЕО) АЛБАНЕЦ ОД СКОПЈЕ: НИКОГАШ НЕМА ДА ГЛАСАМЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ, УШТЕ ГИ ПАМЕТИМЕ ЗЛОСТОРИТЕ ВРЗ НАС АЛБАНЦИТЕ
(ВИДЕО) АЛБАНЕЦ ОД СКОПЈЕ: НИКОГАШ НЕМА ДА ГЛАСАМЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ, УШТЕ ГИ ПАМЕТИМЕ ЗЛОСТОРИТЕ ВРЗ НАС АЛБАНЦИТЕ
ШИЛЕГОВ: Драги скопјанки и скопјани, иднината на Скопје е во вашите раце, бидете внимателни кому му ја доверувате иднината на нашиот сакан град
ШИЛЕГОВ: Драги скопјанки и скопјани, иднината на Скопје е во вашите раце, бидете внимателни кому му ја доверувате иднината на нашиот сакан град
(ВИДЕО) ДАНЕЛА ЖИВА ФАТЕНА КАКО ГИ ЛАЖЕ СКОПЈАНИ - А1он направи проверка на личната карта на име Даниела Арсовска во МВР на Бугарија: Валиден документ!
(ВИДЕО) ДАНЕЛА ЖИВА ФАТЕНА КАКО ГИ ЛАЖЕ СКОПЈАНИ - А1он направи проверка на личната карта на име Даниела Арсовска во МВР на Бугарија: Валиден документ!
ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: Ранувањето и смртта на Александар Серафимов за мене се еден од најтажните и најболни настани од воената 2001
ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: Ранувањето и смртта на Александар Серафимов за мене се еден од најтажните и најболни настани од воената 2001
ОБЕДИНУВАЊЕТО СЕ ОКРУПНУВА – БЕСА СО ПОДДРШКА ЗА ШИЛЕГОВ!
ОБЕДИНУВАЊЕТО СЕ ОКРУПНУВА – БЕСА СО ПОДДРШКА ЗА ШИЛЕГОВ!
ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ВО ШОК: НА ОВИЕ ИЗБОРИ БРАНКО И НЕГОВИТЕ БЛИСКИ АГИТИРААТ ДА СЕ ГЛАСА ПРОТИВ СДСМ?!?!
ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ВО ШОК: НА ОВИЕ ИЗБОРИ БРАНКО И НЕГОВИТЕ БЛИСКИ АГИТИРААТ ДА СЕ ГЛАСА ПРОТИВ СДСМ?!?!
НУКЛЕАРНА БОМБА ЈА ПОТРЕСЕ КАМПАЊАТА ЗА СКОПЈЕ - ОД СДСМ ЈА ОБЈАВИЈА БУГАРСКАТА ЛИЧНА КАРТА НА ДАНЕЛА Документот е издаден на име Даниела Арсовска
НУКЛЕАРНА БОМБА ЈА ПОТРЕСЕ КАМПАЊАТА ЗА СКОПЈЕ - ОД СДСМ ЈА ОБЈАВИЈА БУГАРСКАТА ЛИЧНА КАРТА НА ДАНЕЛА Документот е издаден на име Даниела Арсовска

Од 86-тата седница на Владата: Распределени 35,3 милиони денари од шестиот пакет; Предлог законот за исплата на тутунарите оди во Собрание; Се разгледува можноста за проширување на опфатот на ранливите потрошувачи на енергија за нивна поддршка

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 86-та седница го разгледа извештајот за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на лиценцирани туристички водичи и донесе одлука да се одобрат 2.460.000,00 денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик.

Со оваа одлука на туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари за надминување на последиците од ковид кризата опфатена во шестиот пакет мерки на Владата.

Како дел од шестиот пакет анти-ковид мерки, врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании – оператори од индустријата за организација на настани, Владата денеска донесе одлука на 33 економски оператори од оваа дејност што ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик, од вкупно 45 апликации, да им бидат распределени 15.443.661,00 денари.

Од истата шеста програма за справување со последиците од ковид кризата, денеска е донесена и одлука за финансиска поддршка на регистрирани фотографски студија и фитнес центри со која на сите 184 правни лица од овие дејности кои аплицираа на јавниот повик, со оглед на фактот што сите ги исполнуваат условите, да им биде распределена предвидената финансиска поддршка од 11.924.820,00 денари.

Владата денеска ја разгледа и информацијата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, и донесе одлука за исплата на вкупна финансиска поддршка од 5.442.232 денари, за вкупно 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик за правните лица од овие дејности.

На денешната седница е утврден текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од корона вирусот КОВИД-19 врз производството на тутун со кој се уредуваат условите, корисниците и цената, како и постапката за доделување на финансиска поддршка за откупот на тутун од реколтата од 2020 година.

Со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, како и во интерес на производителите на тутун, Владата го достави предложениот текст на усвојување по скратена постапка.

На предлог на Министерството за здравство на денешната седница е утврден и текстот на Предлог законот за лекови со кој се уредуваат лековите за употреба во хуманата медицина, условите и начинот за обезбедување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност, начинот и постапките за нивно производство, испитување, означување, класификација, ставање во промет, промет, фармаковигиланца, формирање цени, контрола на квалитет, огласување и инспекциски надзор.

Изготвувањето на Предлог законот за лековите е поддржан од страна на Европската комисија и има за цел да обезбеди поддршка за Агенцијата за лекови и медицински средства за усогласување со меѓународните стандарди и добрите фармацевтски практики, како и усогласување на националното законодавство за лекови со законодавството на ЕУ (EU acquis).

На оваа седница Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за формирање Национално советодавно тело за младински политики и ги задолжи Агенција за млади и спорт, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за правда, Министерство за локална самоуправа, Министерство за култура, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Министерство за финансии, да именуваат претставник во Националното советодавно тело за младински политики, до 30 јуни 2021 година.

Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Владата формира Национално советодавно тело за младински политики како тело за соработка помеѓу младински претставници и претставници на органите на државната управа кое има советодавна и надзорна улога при спроведувањето на младинските политики и активностите за млади.

Владата денеска ја разгледа информацијата за формирање работна група за разгледување можности за проширување на опфатот на ранливите потрошувачи на енергија во Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија.

За утврдување на оваа можност, Владата ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство, Управата за јавни приходи и Министерството на финансии и се укажува на Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН ХОМЕ, и Електродистрибуција, да номинираат по еден член и заменик член во Работната група, а Министерството за труд и социјална политика да номинира членови и заменици членови кои имаат пристап до бази на податоци потребни за работата на Работната група да ги достават потребните информации до Министерството за економија како ресор носител на иницијативата.

loading...

A Certain Magical Index II (Dub) Episode 24

Website https://kissanime.mx: Watch When Supernatural Battles Became Commonplace kissanime Episode 12 kissanime site closed

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed

ANIMEFLIX: Juusou Kikou Dancougar Nova anime episode 12 online free at https://animeflix.nl animeflix given movie

Forums alliedmods: https://forums.alliedmods.net/member.php?u=312430

App roll20: https://app.roll20.net/users/9256412/animefreak