БРАВО МВР: Во соработка со Германија запленета е марихуана вредна над 100 000 евра
БРАВО МВР: Во соработка со Германија запленета е марихуана вредна над 100 000 евра
ДОНАТОРСКА АКЦИЈА: Преку фриленсинг до помош за самохраните мајки во земјата
ДОНАТОРСКА АКЦИЈА: Преку фриленсинг до помош за самохраните мајки во земјата
(ВИДЕО) БРАТСКИ ПРЕЧЕК НА ВЛАДАТА НА СОСЕДНО КОСОВО - Владата на Република Косово во еднодневна посета на нашата земја по повод заедничката седница со Владата на Северна Македонија
(ВИДЕО) БРАТСКИ ПРЕЧЕК НА ВЛАДАТА НА СОСЕДНО КОСОВО - Владата на Република Косово во еднодневна посета на нашата земја по повод заедничката седница со Владата на Северна Македонија
Денеска Македонија и Косово ќе имаат заедничка владина седница
Денеска Македонија и Косово ќе имаат заедничка владина седница
СЕЛА СО ГАФ НА ДЕЦЕНИЈАТА, ОН И ТАРАВАРИ СЕ ВО МОМЕНТОВ НАЈГОЛЕМИТЕ ГЛУПАНДЕРИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА!
СЕЛА СО ГАФ НА ДЕЦЕНИЈАТА, ОН И ТАРАВАРИ СЕ ВО МОМЕНТОВ НАЈГОЛЕМИТЕ ГЛУПАНДЕРИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА!
БРАВО СДСМ И ДУИ - НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗОНАТА ВО САРАЈ „One cable“ произведува бакарни кабли и ПВЦ гранулат
БРАВО СДСМ И ДУИ - НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗОНАТА ВО САРАЈ „One cable“ произведува бакарни кабли и ПВЦ гранулат
(ВИДЕО) Градоначалникот Шилегов присуствуваше на отворањето на нова фабрика за кабли во Сарај
(ВИДЕО) Градоначалникот Шилегов присуствуваше на отворањето на нова фабрика за кабли во Сарај
ХОРОР ВО СРБИЈА Шарпланинец до смрт ја искасал својата газдарица, ќерката затекнала ужас во дворот
ХОРОР ВО СРБИЈА Шарпланинец до смрт ја искасал својата газдарица, ќерката затекнала ужас во дворот

Од 99-тата седница на Владата: влез во угостителски објект само со потврда за вакцинација или прележан Ковид 19; Водно е прогласено за заштитено подрачје; Се намалува бројот на членови на управните и надзорните одбори, ќе се бираат со јавен повик

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи препораки за заштита на здравјето на населението од КОВИД – 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД – 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД – 19 документи.

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19; или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

– медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија.

За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД – 19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

На оваа своја седница Владата го усвои и Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

На предлог на Министерството за образование и наука, а со одобрување на Комисијата за заразни болести, на денешната седница е донесена одлука учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи.

Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни семејства, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето.

Беше истакнато дека постојано ќе се следат состојбите и дека како алтернатива постојат дополнителни две сценарија: преминување на целосно онлајн настава или комбинирано, доколку дојде до промена на состојбата со пандемијата.

Владата денеска донесе Одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје од V категорија.

Со оваа одлука се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.

Во расправата по повод оваа точка Владата донесе заклучок дека останува отворена за дебата и сугестии во однос на предлогот за донесување на „лек специјалис“ за Водно како можност за дополнително унапредување на заштитата на Водно.

Владата денеска го усвои Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, како една од мерките од Планот за борба против корупцијата донесен на предлог на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.

Со предложеното законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува на 7 (седум) членови во јавните претпријатија чиј основач е Владата на Република Северна Македонија, Градот Скопје и општините во кои живеат над 50.000 жители, како и на управните одбори на меѓуопштинско јавно претпријатие, а управните одбори на јавни претпријатија основани од општина во која живеат до 50.000 жители се намалува на 5 (пет) членови. Бројот на членови на надзорните одбори се намалува на 3 (три) членови.

Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот.

Надоместокот за членовите на управните одбори нема да може да биде поголем од половина од просечната плата на вработените во одреденото јавно претпријатие, додека пак, надоместокот за членовите на надзорниот одбор нема да може да биде поголем од една третина од просечната плата на вработените во јавното претпријатие.

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија се воспоставува целосна транспарентност при постапката за избор на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија, како и мерит процедура при селекцијата и именувањето.

Според законското решение, за првпат станува законска обврска објавувањето на јавен повик за членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и тоа на веб-страните на Владата, односно општината или Градот Скопје и на веб-страната на самото јавно претпријатие и тоа три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот состав.

На јавниот повик ќе може да аплицираат сите граѓани кои ги исполнуваат законските услови за членови на управни и надзорни одбори.

Исто така се воведува законска обврска за формирање Комисија за селекција, која на јавен и транспарентен начин ќе ја врши постапката за селекција на сите пријавени кандидати.

Со овие измени ќе се зголеми на ефикасноста во работењето на јавните претпријатија и ќе се оневозможува секое политичко влијание при изборот на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија, а ќе се овозможи поефикасно управување и надзор на работата на јавните претпријатија, а со тоа и подобрување на услугите кои им се пружаат на граѓаните.

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата врз основа на која Владата го прифати текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија.

loading...

Watch Cardcaptor Sakura (Dub) Episode 70

AnimeHeaven: BAR Kiraware Yasai anime episode 7 online free at https://animeheaven.pro free anime

AnimeFLV: Karate Master anime episode 47 online free at https://animeflv.uk anime streaming

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Starity: https://starity.hu/profil/293889-animefreakws/

Artmight: https://artmight.com/gallery/editimageuser/309304