На 15 септември ќе започнеме да спроведуваме акција за собирање кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди.
Општина Кисела Вода услугата за собирање и транспорт на отпадот, ќе ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните. Со цел за заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид 19, работниците кои ќе бидат вклучени во активностите, истите ќе ги вршат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство.
🔴Жителите на Кисела Вода, секој работен ден, во периодот од⏰ 08:00 до 16:00 часот услугата за собирање отпад, можат да ја побараат на телефонскиот број
📞072/313-331.
Апелирам до граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота и со тоа да придонесат, да имаме чисти паркови и чисти зелени површини.