Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

Од понеделник родителите да си бараат чаре кој ќе им ги чува децата- вработените во градинките, основните и средните училишта ќе почнат со генерален штрајк и нема да ги згрижуваат ниту помалите деца кои одат во градинките или во дневен престој во училиштата

Од понеделник, 11 април вработените во градинките, основните и средните училишт ќе почнат со генерален штрајк и нема да ги згрижуваат ниту помалите деца кои одат во градинките или во дневен престој во училиштата.

Претседателот на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков за „Фокус“ вели дека родителите треба да имаат разбирање за вработените.

-Одговорноста за организирање на воспитно образовниот процес е на директорите. Штрајкувачите ќе бидат во штрајк и нема да работат со децата. Оттука, треба да се бара одговор од директорите, а родителите треба да имаат разбирање за проблемите на вработените во градинките, основните и средни училишта, вели Неделков за „Фокус“.

Тоа значи дека родителите на кои нема кој да им ги чува децата ќе мора да бараат креативно решение.

СОНК не успеа да се договори со Владата за зголемување на платите согласно новата минимална плата и според последните информации од СОНК, штрајкот е се поизвесен. Наставниците, воспитувачите и другиот образовен кадар ќе штрајкуваат односно нема да работат додека не се договорат со власта.

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој е грански синдикат на Конфедерацијата на слободни синдикати, бараат веднаш да се зголемат платите за 18,4 проценти и да се бара системско решение за усогласување на останатите плати. Синдикатот веќе двапати се сретна со претставници на Владата, но досега нема никаков договор.

Синдикатот на органите на управата и правосудството (УПОЗ) денеска и утре организира двочасовен прекин на работата.

Од Синдикатот на УПОЗ, велат дека во 95 проценти од институциите се исплаќа плата под минималната, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат платата. Оние, пак, што веќе ја исплатиле, направиле грешки и исплатиле само минимална плата без вклучен стаж.

– Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се, меѓутоа тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на прес-конференцијата во вторникот.

loading...

go88 download go88 hd go88 phiên bản mới nhất

https://sunwin.fan/