ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

ОД ПРЕКУ СТО ЛИНГУРИ ВО ВРЕМЕ НА ГРУЈО, СМАЛЕНИ НА САМО 12 – ПРОФЕСОРИ, БАНКАРИ, БИЗНИСМЕНИ: Владата ги објави имињата на 12 надворешни советници на премиерот Ковачевски

Реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво, се новоименуваните 12 надворешни советници на претседателот на Владата Димитар Ковачевски

Со одлука на Влада, значително е намален бројот на лица кои го советуваат премиерот Ковачевски. Наместо претходниот тим од над 50, сегашниот тим се состои од само 12 надворешни советници. Меѓу нив се професорите од Економскиот факултет, Правниот факултет, Факултетот за електротехника и информатика, поранешни пратеници, но и заменици-министри.

Функцијата надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во Канцеларијата на претседателот на Владата ја извршува експертот од Сојузна Република Германија, Јоханес Хајдекер. Хајдекер, кој претходно работел на повеќе менаџерски позиции во приватниот сектор, ќе се фокусира на зајакнување на деловните односи на Северна Македонија со Германија и другите земји на ЕУ, со акцент на промоцијата на начините на снабдување низ европскиот континент и економската политика за време на корона кризата.
Професор д-р Предраг Трпески, од Економскиот факултет кој е експерт за пазарот на трудот, а во минатото бил дел и од извршната власт, е надворешен советник за економија.

Професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов е назначен за надворешен советник за Берлински процес. За политиките од областа на енергетиката надворешен советник е Антон Чаушевски, професор од Факултетот за електротехнички и информатички технологии.
Глигор Бишев кој има богата професионална биографија во банкарскиот сектор во Република Северна Македонија е надворешен советник за рационализација и оптимизација на процеси. Нина Фити-Неделковска, претставничка од Светска банка ќе ја врши функцијата надворешен советник за финансии. Дополнително на листата на советници се поранешниот пратеник Исмет Рамадани кој е надворешен советник за евроатлански вредности и Драган Василевски за одбрана.

Надворешна советничка за здравство е доцент д-р Ана Данева-Маркова од Универзитетската клиника „Мајка Тереза” во Скопје. Спасе Додевски е надворешен советник за образование и социјала. Додевски и во претходниот мандат на Владата беше вклучен во креирањето на политики поврзани со социјала и инклузија, а Симона Ристеска за даночна политика. Д-р Ристеска е професорка на повеќе предмети на Warwick Business School во Велика Британија. Со докторат се има стекнато на лондонската економска школа.
Маја Ангеловска е надворешна советничка за дигитализација. Ангеловска има 25 годишно работно искуство во телекомуникацискиот сектор во државата и извршувала менаџерски позиции, но и учествувала во имплементација на планови за дигитализација на услугите.

loading...