ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

ОД ПРВИ ДЕКЕМВРИ КЕСИТЕ ЗА ПАЗАРЕЊЕ ЌЕ ЧИНАТ 15 ДЕНАРИ, СЕ ЗАБРАНУВААТ ПЛАСТИЧНИ ПАКУВАЊА ВО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА

Надоместок од 15 денари за биоразградливи кеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд за животна средина.(Фото: К. Попов)

Од 1 декември, кесите за пазарање во маркети и продавници ќе бидат 15 денари. Ова се предвидува со новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, кој заедно со уште три закони за управување со отпад беа изгласани во Собранието и стапија на сила.

Премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција кажаа дека овие закони ќе овозможат конечно европеизирање на управувањето со отпадот, конечно ќе се реши овој горлив проблем кој се таложел со декади и ќе се прекине синџирот на лошо управување со отпадот.

„Како Министерство и Влада, скроивме план како да го поддржиме обезбедувањето на таа инфраструктура. Ние напорно работиме на инвестициите во остварување на функционалноста на регионалниот систем за управување со отпадот преку центрите за развој, обезбедување на собирни места и места за селекција, изградба на стандардизирана инфраструктура со трансфер станици и регионални депонии, како и чистење и затворање на сите нестандардизирани односно диви депонии и ѓубришта. Ова е нашиот пат за современо и европско управување со отпадот и здрава животна средина, и го поканувам приватниот сектор и граѓаните, да бидат наши партнери во остварувањето на оваа заедничка цел“, рече министерот Нуредини.

Нуредини кажа дека во однос на посебните фракции на отпадот, односно за справување со она со што граѓаните се соочуваат најмногу – пластичното пакување, предвидена е забрана за нивна употреба која ќе стапи на сила од 1 декември. Надоместок од 15 денари за биоразградливи кеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање. Исто така, од први декември за првпат се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја.

„Постојат безброј алтернативи од природни материјали, и сметаме дека за почеток, барем во заштитените природни подрачја можеме да покажеме пример со еколошко пакување“, кажа Нуредини.

Премиерот Зоран Заев каже дека како земја кандидат за членка во Европската Унија, потребно е да се усогласи со европското законодавството и во оваа област.

„Се погриживме процесот да биде инклузивен и да ги вклучи општините, операторите со отпад и комуналните претпријатија, граѓанските организации, граѓаните. Целта ни беше да создадеме систем кој ќе ги опфати потребите на сите и истовремено и ќе ги опфати високите стандарди за заштита на животната средина. Должни сме и кон идните генерации, да го решиме овој горлив проблем кој се таложел со декади, и да го прекинеме синџирот на лошо управување со отпад. Така ќе постигнеме дома да ни биде чисто, а на идните генерации да им оставиме здрава животна средина“, кажа премиерот Зоран Заев.

loading...

https://go88.gg/

https://sunwin.gg/