Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори

Од првиот состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот: Принципите на инклузивност и диверзитет треба конзистентно да се применуваат во политиките

Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот денеска го одржа првиот состанок на кој беа презентирани постигнатите резултати и беа разгледани состојбите и предизвиците во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализмот (2020-2022 година).

На средбата на членовите на Оперативното тело беше усвоен Извештајот за реализирани активности од Националната стратегија за 2020 година и беше презентирана и електронската база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓукултурниот дијалог и интеграцијата на општеството.

Заменик-претседателот на Оперативното тело, министерот за правда Бојан Маричиќ кој го водеше состанокот истакна дека ова Оперативно тело, како сложено меѓуресорско тело составено од 17 члена претставници на државни институции и експерти, е резултат на исклучително важен ангажман во рамки на Националната стратегијата едно општество, со цел да се постигне нешто добро и квалитетно за граѓаните. Во него членуваат првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, кој е претседател на Оперативното тело, како и министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и Народниот правобранител Насер Зибери.

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски истакна дека и покрај Ковид кризата во рамки на развојот на концептот едно општество има повеќе отпочнати и завршени работи.

Тој информираше дека Извештајот претставува преглед на спроведени активности по области и идентификувани предизвици.

„Ова е прв состанок на Оперативното тело како интерсекторско тело а во иднина ќе ги интензивираме средбите. Моја најголема радост е што сме сведоци на сѐ поголема свесност за вредностите на концептот „Едно општество“ во институциите кои веќе се чувствуваат обврзани да внимаваат на овие придобивки. Се обврзуваме да работиме и на видливоста на овие резултати што ги постигнавме“, подвлече Алаѓозовски.

Заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, истакна дека во контекст на концептот едно општество има голем исчекор по прашање на социјалната кохезија за што голем удел има и Оперативниот план за вработување во приватниот сектор којшто се темели врз принципот на инклузивност и диверзитет што подразбира поголем удел на помалку застапените групи и етничка застапеност при вработувањата, како и принципот на рамномерен регионален развој преку кој се работи на мотивација и стимулација на инвеститорите во помалите региони.

„Принципите на инклузивност и диверзитет треба конзистентно да се применуваат во политиките“- подвлече Битиќи.

Членовите на Оперативното тело беа едногласни дека огромна е важноста од модификација и прилагодување на образовниот систем и стимулирање на принципот на изучување на јазиците на другите заедници што би требало да се стимулираа со стипендии како важен фактор во градењето на интеркултурализмот. Беше подвлечена и важноста на родовата еднаквост при вработувањето, особено во помалите етнички заедници и што поголема вклученост на младите не само како советодавен туку и имплементирачки фактор во креирањето на политики. Членовите на оперативното тело исто така беа едногласни дека е потребна популаризација и соодветна промоција на оваа Стратегија која е уникатен документ и во европски рамки.

На состанокот едногласно беше усвоен Извештајот за преземени активности предвидени во Националната стратегија, при што беа истакнати реализираните клучни активности во седум области – кластери кои имаат клучно значење за интеркултурализмот: правна рамка, образование, медиуми, култура, општествена кохезија, млади и локална самоуправа.

loading...