Кој е Ѓоко Ристов?
Судијата Ѓоко Ристов (40) e еден од неколкуте судии што работат на предмети од областа на организираниот криминал. Од 1996 година па наваму тој ги поминал сите судски должности, од волонтер, стручен соработник, па се до судија за организиран криминал. Нему му беа доделени дел од најзначајните предмети од организиран криминал. Во јавноста е познат по неколку судски процеси што се следеа со голем медиумски интерес. Откако е префрлен во Одделот за организиран криминал, судската функција ја извршува неколку години. Познат е по обемната пресуда во случајот “Изгрев“ каде покрај браќата Миладинови беа осудени и адвокати и нотари, но по една година Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда за овој судски процес кој сеуште се води.
Дел од предметите во кои постапува(л)
„Метастаза“ – случајот со инвалидските пензии;
„Бумеранг“– случајот со митото во граничната полиција;
„Албатрос“ – случајот со меѓународната мрежа на мигранти;
„Изгрев“ – случајот со милионските проневери преку хотелот „Изгрев“;
Потоа ќе претседава со советот за случајот „Калдрма“ – продолжение на акциите „Змиско око 1“ и „Змиско око 2“, по третпат полицијата уапси инкасанти од наплатните рампи вработени во ЈП „Македонија пат“.
Во случајот „Изгрев“ со милионските проневери преку струшкиот хотел „Изгрев“, претседател на судскиот совет беше Ѓоко Ристов, вториот судија беше Владимир Панчевски. Во „Армиско оружје“ судиите се распореден во обратен редослед, Панчевски заседава, а Ристов е втор судија во составот.
Судијата Ѓоко Ристов заедно со судијката Верка Петковска која исто така е кандидат за претседател на Кривичниот суд, беа членови во Советот кој го одби барањето на притвор на Специјалното јавно обвинителство за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Ристов беше судија и во случаите Ликвидација и Шпион.
Му судеше и на Латас во случајот Тотал кој уште нема абер да се пресуди иако се води веќе 4 години!