(ВИДЕО) БОМБА НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ВО БУГАРИЈА АКО СЕ ДЕКЛАРИРАТЕ ЗА МАКЕДОНЕЦ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ НА ФАКУЛТЕТ!
(ВИДЕО) БОМБА НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ВО БУГАРИЈА АКО СЕ ДЕКЛАРИРАТЕ ЗА МАКЕДОНЕЦ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ НА ФАКУЛТЕТ!
ВАКВИТЕ ЃУБРИЊА ПСИХОПАТСКИ ОПСЕДНАТИ СО ОМРАЗА КОН НАС ГИ РАСИПУВААТ БУГАРСКО МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ - Нешков: Македонизмот не е идеолошки, туку геополитички проект насочен против Бугарија
ВАКВИТЕ ЃУБРИЊА ПСИХОПАТСКИ ОПСЕДНАТИ СО ОМРАЗА КОН НАС ГИ РАСИПУВААТ БУГАРСКО МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ - Нешков: Македонизмот не е идеолошки, туку геополитички проект насочен против Бугарија
СЕ БЛИЖИМЕ НАКАЈ 8 000 ЗАГИНАТИ ОД КОРОНА А НА АНТИ ВАКСЕРИТЕ НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ ВО ГЛАВА!
СЕ БЛИЖИМЕ НАКАЈ 8 000 ЗАГИНАТИ ОД КОРОНА А НА АНТИ ВАКСЕРИТЕ НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ ВО ГЛАВА!
КОГА СИ БРАНКОВИСТ ДО КОСКА И КОГА СИ НА ПЛАТЕН СПИСОК КАЈ КАМЧЕВ ВО СИСТИНА: НА АНДРЕЈ ПЕТРОВ МУ ТРЕБАЛО ВРЕМЕ ЗА ДА ОЦЕНИ ДАЛИ ЗАЕВ БИЛ ДОБАР ПРЕМИЕР
КОГА СИ БРАНКОВИСТ ДО КОСКА И КОГА СИ НА ПЛАТЕН СПИСОК КАЈ КАМЧЕВ ВО СИСТИНА: НА АНДРЕЈ ПЕТРОВ МУ ТРЕБАЛО ВРЕМЕ ЗА ДА ОЦЕНИ ДАЛИ ЗАЕВ БИЛ ДОБАР ПРЕМИЕР
СДСМ: ПРАВО НА ГЛАС НА КОНГРЕСОТ ЗА НОВ ЛИДЕР НА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ ИМА СЕКОЈ ЧЛЕН КОЈ ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРА
СДСМ: ПРАВО НА ГЛАС НА КОНГРЕСОТ ЗА НОВ ЛИДЕР НА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ ИМА СЕКОЈ ЧЛЕН КОЈ ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРА
ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО ТИМОТ НА ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА
ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО ТИМОТ НА ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА
ПОЧИНА НОВИНАРОТ ТОДОР ПЕНДАРОВ
ПОЧИНА НОВИНАРОТ ТОДОР ПЕНДАРОВ
ФОТО ЛЕГЕНДАРЕ - БЕСА МОЛИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА: АРИЈАНТ ХОЏА СНИМЕН СО МУСА ЏАФЕРИ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ
ФОТО ЛЕГЕНДАРЕ - БЕСА МОЛИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА: АРИЈАНТ ХОЏА СНИМЕН СО МУСА ЏАФЕРИ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ

Оди и не свртувај се, Василе, дај се од себе, знај дека ако победиш ќе бидеш народен херој а ако изгубиш ќе бидеш најомразена личност во земјава, таков е Македонецот

Диференцијација на наш начин: ако победи на Евросонг сигурно ќе биде прогласен за голем Македонец. Ако изгуби, ќе биде само лице со бугарски пасош.

Две онлајн петиции на интернет, две поделени македонии, две „музики“ за ушите на јавноста, но и за Васил Гарванлиев: едни бараат тој да не ја претставува Северна Македонија на годинешново издание на Евровизија (Евросонг) поради тоа што имал и бугарски пасош, а други собираат потписи за негова поддршка. Ако го читате ова, значи сте се разбудиле во Македонија, во својата татковина, каде наместо „добро утро“ ве дочекуваат списоци за нови поделби.

Освен тешките контри во институците (бојкоти, блокади), одамна не сме имале протести и контрапротести, пленуми и контрапленуми, фрлени чифтиња заради некаква контра. И еве, по подолга пауза кондициски напреднавме, и – паднавме уште едно ниво подолу. Не беше лесно, ама кога се сака, нели, сѐ се може.

Токму кога изведувачите на стратегијата „единствени само во поделбите“ во очај крикнаа „леле луѓе, останавме без работа“, еден сосед се пријави да ни биде нов архинепријател. И оттогаш нема зима. Патриотизмот цвета на двете страни од границата. Веќе никој веќе не се занимава со Гоцевата „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Таа изрека е адаптирана на новото време и новите потреби, и гласи: „Јас го разбирам светот како поле за пасошки натпревар меѓу народите“.

Според тоа кој колку и какви пасоши има, сега се мери лојалноста и патриотизмот. Тоа на своја кожа го почувствуваа десетици македонски политичари и партиски функционери, почестени од леснотијата на провокативната практика на бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов.

Но, „патриот-метарот“ се вклучи од наш терен, а оценките на своја кожа ги почувствуа Васил Гарванлиев, Македонец, но и интернационалец, имајќи предвид колку време поминал и надвор. Би рекле – ништо спорно за човек кого го води музиката, песната, настапите, турнеите.

Но, „прекиот суд” на лиценцираните патриоти не мисли така. Со откопување на неговата ланска изјава дека имал и бугарски пасош (нешто што лани на никого не му било спорно) и со „откривање“ на наводна бугарска тробојка во спотот за неговата евровизиска песна „Here I stand”, се крена толкава врева, што Гарванлиев реши со негово видео обраќање да објасни кој е и што е.
Искрен и доблесен потег од него, но во суштина погрешен. Што и да каже, нема да престанат да му ги бројат црвените крвни зрнца, да му роварат по ДНК, така како што на некои им одговара.

Погрешно е ако направил измени во спотот за да нѐ убедува во своите намери и чувства. Ако станува збор за уметничко дело, зошто да се правда дека тоа не е бугарско знаме? Ако состојбата треба да се промени, за тоа да се случи треба да и се контрира, а не таа да се конзервира со постојани оправдувања за нештата.
Васил допрва ќе научи дека џунглата на афалтот е различна од светот на музиката. Дека ако победи на Евросонг сигурно ќе биде прогласен за ГОЛЕМ Македонец. А, ако изгуби, ќе биде само лице со бугарски пасош. Таква е диференцијацијата што се прави овде.

„Времето лечи рани, но не и телешки глави“, пееше Дино Дворник во песната „Оди и не свртувај се сине“.
Оди и не свртувај се, Василе. Пеј, натпеј, фрли ја во длабока тишина вревата што сака да и држи лекција на песната, на слободата, на изборот, на правото да се биде, и да се брани тоа. Пеј, и не свртувај се.

Извор: Дв

loading...

AnimeTV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeFLV Watch anime online, English anime online HD

Website https://aniwatch.pro: Watch Hakumei and Mikochi (Dub) aniwatch Episode 12 animes online

Persona 5 the Animation TV Specials (Dub) (https://animedao.nl/m/Y1Xg) Episode 2

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/gogoanimebe

Instapaper: https://www.instapaper.com/p/gogoanimebe